Македонија

Сиљановска Давкова: Македонија не може да биде колатерална штета на бугарското вето

Македонија во процесот на европската интеграција не смее да биде колатерална штета на ветото и билатерализацијата на процесот децидна беше претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на средбата со претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта Како што се наведува во соопштението од кабинетот на претседателката, Сиљановска-Давкова истакнала дека земјата е фокусирана на спроведување на реформската агенда за достигнување […]

Македонија во процесот на европската интеграција не смее да биде колатерална штета на ветото и билатерализацијата на процесот децидна беше претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на средбата со претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта

Како што се наведува во соопштението од кабинетот на претседателката, Сиљановска-Давкова истакнала дека земјата е фокусирана на спроведување на реформската агенда за достигнување на европските стандарди, нагласувајќи дека Копенхашките критериуми се и треба да останат единствените услови за членство во Европската Унија.

Сиљановска-Давкова подвлекла дека бугарско-македонските недоразбирања и спорови можат да се решат единствено со добра волја, меѓусебно разбирање и почит.

Според претседателката, преговорите за историјата, културата и јазикот не се во духот на меѓународното и европското право и претставуваат негирање на европските вредности и принципи што се утврдени во конститутивните документи на ЕУ во коишто се гарантираат националниот и културниот идентитет, како и интегритетот и дигнитетот на граѓаните.

Предупредувајќи дека македонскиот преседан може да има домино ефект и да ја загрози политиката на проширување на ЕУ, Сиљановска-Давкова побарала од Европскиот совет да предложи решение за оневозможување нови барања и условувања кои ќе го дефокусираат вниманието од реформите на идентитетски прашања.

Таа исто така укажала на многубројните уставни амандмани во изминатите три децении, од кои најголем дел се иницирани однадвор, што ја релативизира важноста на Уставот како највисок правен акт, од една страна и најширок и најважен општествен договор на граѓаните, од друга.

Сиљановска-Давкова потсетила и на практиката при секоја уставна измена да се додаваат нови, чие усвојување е услов за поддршка на првичните амандмани.

Претседателот на Европскиот совет Кошта, како што се наведува во соопштението, искажал разбирање за националните чувства и состојбата во која се наоѓа земјата и изразил став дека не очекува дополнителни политички условувања на македонскиот пат кон ЕУ. Тој оценил дека треба да се искористи моментот на зголемен интерес на ЕУ за проширување, во обезбедување поголема безбедност и сигурност, покрај европеизацијата на регионот, ценејќи ги вложените напори на земјата во изминатите две децении.

Претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта, кој вчера беше во еднодневна посета на земјава, пред средбата со Сиљановска-Давкова беше во Владата каде се сретна со премиерот Христијан Мицкоски.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top