Македонија

Претседателката Сиљановска Давкова ќе има годишно обраќање во Собранието

Ова ќе биде второ годишно обраќање на Сиљановска Давкова пред пратениците од преземањето на претседателската функција во мај 2024 година, кога стана прва жена шеф на македонската држава

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска напладне ќе има годишно обраќање во Собранието.

Се очекува претседателката да говори за актуелните и случувањата во изминатиот период, како и за очекувањата во следната година во внатрешната и надворешната политика, состојбата во економијата…

Обраќањето на претседателката е во рамките на 77. собраниска седница.

Ова ќе биде второ годишно обраќање на Сиљановска-Давкова пред пратениците од преземањето на претседателската функција во мај 2024 година, кога стана прва жена шеф на македонската држава.

Најнови вести од: Македонија

Модернизација на итната помош: Владата набавува 100 нови амбулантни возила

Оваа инвестиција е дел од поширок процес на модернизација и суштинско јакнење на системот за здравствен одговор во кризни состојби, преку подобрување на итната медицинска помош и зголемување на оперативната способност на целиот здравствен систем.

Милошоски: Во недостиг на идеи, СДС шири шпекулации за државјанствата

За пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, неосновани се обвинувањата дека некои негови сопартијци имаат и бугарско државјанство, бидејќи токму тие се потписници на предлогот пратеник да има само македонско државјанство

To top