Македонија

При обид на шверц, запленет златен накит во вредност од 1,3 милиони денари

Случајот е откриен при детален претрес на автомобил во кој патувале брачен пар, државјани на Република Македонија со престој во Белгија, додека во торбата на патничката се пронајдени 26 парчиња златен накит

Царинските службеници на граничниот премин Табановце, при влез во земјата, спречија обид за шверц на 348 грама златен накит, во вредност од 1,3 милиони денари

Случајот е откриен при детален претрес на автомобил во кој патувале брачен пар, државјани на Република Македонија со престој во Белгија, додека во торбата на патничката се пронајдени 26 парчиња златен накит.

Одделот за истраги при Секторот за контрола и истраги поднесе кривична пријава против неа за кривично дело „шверц“, казниво според Кривичниот законик.

Оваа година се откриени 13 случаи на шверц на злато, при што се запленети повеќе од 2,5 килограми златен накит и златни монети.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ќе продолжиме да ги решаваме проблемите на граѓаните, затоа ја добивме довербата од нив!

Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски во одговор на новинарско прашање денеска при претставување на „Градскиот воз“ истакна дека и покрај сите предизвици во Европа како наш најголем трговски партнер, сепак трендот на раст на бруто-домашниот производ се очекува да продолжи и оваа година и  да изнесува некаде меѓу 3,5 и 4% проценти.

„Н.М.“: Македонија има причина да биде во Европа, со свој идентитет и јасно дефинирани македонски интереси, но не безусловно!

Исландскиот референдум не треба да биде лекција против Европската Унија, туку лекција за самодоверба во преговорите. Исланѓаните не рекоа: „ЕУ не ни треба“. Тие рекоа: „Ние ќе одлучиме кога, како и под кои услови ќе разговараме за нашата иднина“. Тоа е демократска зрелост. И токму таква зрелост ѝ треба на Македонија. Не да му каже „не“ на Брисел. Но ниту автоматски да кажува „да“ на секое барање. Туку да научи да кажува: „Ова е нашиот интерес. Ова можеме да го прифатиме. За ова можеме да преговараме. А ова не можеме да го прифатиме“. И тоа да го каже аргументирано, мирно и европски. Ова се нагласува во анализата со наслов „Македонија има причина да биде во Европа, но како своја и со својот изворен идентитет и карактер“, која е објавенма денес „Нова Македонија“.

Мицкоски: Македонија е отворена за нови инвестиции и партнерства, кои ќе ја засилат економската соработка со Унгарија

Премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски денеска од Будимпешта порача дека Македонија е отворена за нови инвестиции и партнерства, нагласувајќи дека економската соработка со Унгарија има значителен потенцијал за раст.

Најнови вести

To top