Македонија

„Пријателска средба“ Ахмети – Хан во Мала Речица

Лидерот на ДУИ и бившиот еврокомесар за проширување разговарале за стратешката важност на евроинтеграцијата на Македонија

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, денеска оствари „пријателска средба“, како што ја нарече, со поранешниот еврокомесар за проширување, а потоа и за буџет и администрација Јоханес Хан.

„Разговаравме за стратешката важност на интеграцијата на земјата во Европската унија, како клучен процес за долгорочна стабилност, демократска консолидација и зајакнување на владеењето на правото. Нагласив дека европскиот пат останува неспорен приоритет и национален интерес, кој бара одговорност и политичка определба. Во тој контекст беше истакната важноста на целосната и доследна имплементација на Охридскиот договор како основа на демократскиот соживот и функционирањето на мултиетничката држава, согласно европските стандарди. Исто така, ја потврдивме потребата од одржливи реформи и конструктивен политички дијалог, кој ја зајакнува довербата меѓу заедниците и го зголемува меѓународниот кредибилитет на земјата во процесот на европската интеграција“, вели Ахмети во објавата на Фејсбук.

Најнови вести од: Македонија

Конспиративни теории за абортусот во судирот меѓу Јас сум жена и Мрежата за заштита од дискриминација

Мрежата за заштита од дискриминација која во јавноста се смета за блиска на екс министерка за труд и социјала во владата на Зоран Заев, шпекулира во јавноста со Теории на заговор

(Фото): Силно политичко партнерство меѓу Македонија и Црна Гора и засилена економска соработка – Николоски во Подгорица на средба со премиерот Спајиќ

Заменик-претседателот на Владата Александар Николоски е во работна посета на Црна Гора, каде денеска оствари средба со претседателот на Владата на Црна Гора, Милојко Спајиќ. Во фокусот на средбата беа унапредувањето на политичките и економски односи, регионалниот развој и евроинтегративниот процес на земјите од Западен Балкан. Од средбата беше испратена јасна порака дека Македонија и Црна […]

To top