Македонија Бизнис

Приоритет на Народна банка ќе биде ниска инфлација, рече новиот гувернер откако ја презеде функцијата

Ниска и стабилна инфлација, финансиска стабилност, поддршка на политиките на Владата – професорот Tрајко Славески избран за нов гувернер на Народна банка. Изборот на Славески се случи доцна синоќа, за него гласаа 68 пратеници, а 16 беа против. Економијата ќе остане стабилна со фиксен девизен курс на денарот во однос на еврото. Трајко Славески застана […]

Ниска и стабилна инфлација, финансиска стабилност, поддршка на политиките на Владата – професорот Tрајко Славески избран за нов гувернер на Народна банка. Изборот на Славески се случи доцна синоќа, за него гласаа 68 пратеници, а 16 беа против.

Економијата ќе остане стабилна со фиксен девизен курс на денарот во однос на еврото. Трајко Славески застана на чело на Народна банка. Ја положи свечената заклетва и порача дека ќе се залага за ценовна и финансиска стабилност, а најави и поддршка на владините политики. Изборот на новиот гувернер дојде доцна синоќа во македонското Собрание, со 68 гласа за и 16 против.

Славески подвлече дека Централната банка треба да се фокусира на трите основни цели, а тоа се ниска и стабилна инфлација односно ценовна стабилност, финансиска стабилност и поддршка на политиките на Владата.

  • Се разбира законските надлежности се дефинирани, тоа е ценовна стабилност што за Република Македонија би значело ниска и стабилна инфлација и финансиска стабилност кои ќе бидат поддршка на амбициозните политики на Владата затоа што и една друга цел на Народната банка е да ги поддржува политиките на Владата и тоа ќе бидат основните приоритети. Заедно со моите советници јас ќе се фокусирам на јадрото на функциите или основните функции на Централната банка кои ги наведов. Во изминатиот период нормално тоа беше на некој начин поттикнато од надвор од однесувањата на Светска банка и други централни банки, централните банки да ги шират своите надлежности, интереси на одредени прашања, кои се наметнуваат од поширок социјален интерес, како на пример зелена енергија и слично, јас мислам дека тоа треба да се остави на другите институции и Централната банка да се фокусира на трите основни цели – посочи Славески.

Тој додаде дека очекувањата на јавноста се дека ќе има стабилен девизен курст, но дека тој како професионален економист го следи и реалниот девизен курс.

  • Очекувањата на јавноста се дека ќе има стабилен девизен курс, но овде сакам да кажам една работа. Пошироката јавност е фокусирана на она што се нарекува номинален девизен курс, кој очекуваме да биде фиксиран, но јас како професионален економист го следам и реалниот девизен курс кој зависи од односот на нашите домашни цени и цените со нашите трговски партнери, пред сѐ, оние во еврозоната. За жал, во изминатиот период особено по 2022 година имаме значителна реална прецијација на реалниот девизен курс, а тоа се должи на високата инфлација кај нас, која беше повисока во просек од онаа во еврозоната. Реалниот девизен курс на денарот од 2002 година ноември до јануари од оваа година е зајакнат за 5,4 проценти во однос на сите трговски партнери, а во однос на еврото денарот има апресирано цели 9 проценти – изјави Славески.

За изборот на Славески претходеа расправа и низа реплики и контрареплики во парламентот. Пратениците од власта се фокусираа на неговата стручност и компетентност, додека, опозицијата на политичката припадност на Славески и визијата за независноста на институцијата. Народна банка била и ќе остане независна, додава новиот шести по ред гувернер. Славески дојде на челното место на Централна банка по предлог на претседателката Сиљановска-Давкова.

Славески на оваа позиција доаѓа од претседателското место во Советот на Град Скопје. Тој е и универзитетски професор на Економскиот факултет, а беше министер за финансии од 2006-та до 2009-тата.

Најнови вести од: Македонија Бизнис

Нема криење на гориво – засилени контроли и кај трговците, велат од Пазарен инспекторат

Во однос на можноста за намалување на ДДВ за увоз на енергенси, директорката на Управата за јавни приходи Елена Петрова изјави дека таквите проценки ги прави Владата со ресорните министерства, додека УЈП ќе ги спроведува мерките доколку бидат донесени.

Сиљановска-Давкова од „Треблинка“: Нема да дозволиме историски ревизионизам за Холокаустот на македонските Евреи

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова, присуствуваше на комеморацијата на Холокаустот на македонските Евреи што се одржа во Меморијалниот и музејски комплекс „Треблинка“ во Полска.

Николоски во САД: Разговараме за раст на партнерството меѓу Македонија и Светска банка

Чарлс Кормиер, регионалниот директор за инфраструктура во Светска банка го поздравил присуството на вицепремиерот Николоски на глобалниот настан и истакнал дека оваа година Светска банка во фокусот ги стави темите поврзани со решенија за одржлив и инклузивен транспорт во светот како предуслов за раст и отворање на нови работни места.

Секоја четврта фирма не издавала фискални сметки, УЈП со куп неправилности во евидентирање на прометот

Активистите на УЈП не значат повеќе контроли и повеќе казни, туку разни мерки. Минатата година фокусот бил ставен на угостителството, трговијата на мало и некои услужни дејности.

(Видео): Нема потреба од кризна состојба, вели премиерот

Факт е дека во државата цената на нафтата, односно на нафтените деривати е најниска во споредба со земјите од соседството. Ваквата ситуација, според премиерот, од една страна е добра, но од друг аспект создава, условно кажано, проблеми бидејќи граѓани од соседните земји доаѓаат во земјава за да ги наполнат резервоарите на возилата, пред сè со дизел-гориво. Тоа, како што рече Мицкоски, особено се случува на бензинските пумпи во пограничните општини.

Мицкоски: Менкиноски не е криминалец, туку чесен граѓанин, кому „грев“ му е застапувањето на правата на Македонците! – ЕУ да го осуди ова однесување на Бугарија!

Премиерот Христијан Мицкоски јавно го осуди тоа што се случува со адвокатот Тони Менкиноски, кој доби црн печат од граничната полиција за влез во Бугарија до 2036 година, оценувајќи дека „тоа е лоша порака“ и дека „тоа директно влијае врз имиџот на самата Европска Унија, доколку не излезе со осуда на ваквото однесување“.

Владата го предложи судијата во Кривичниот суд Ненад Савески за нов државен јавен обвинител

Владата денеска го предложи судијата од Кривичен суд, Ненад Савески за нов државен јавен обвинител. Предлогот на Владата треба да биде изгласан од Собранието. За изборот на државниот обвинител се потребни 61 глас. Портпаролката на Владата Марија Митева на денешната прес-конференција истакна дека Владата се раководела од принципите на професионалност, интегритет, стручност и доследна посветеност на владеењето на правото. -Ненад Савески е судија во Кривичниот суд и во текот на својата професионална кариера има изградено репутација на правник со долгогодишно искуство, препознатлив по својата стручност, професионален интегритет и посветеност на принципите на законитост и правда, рече Митева.

To top