Македонија

Приведен активист на Левица на натпреварот Македонија–Израел по истакнување палестинско знаме

За непочитување на членот 3 од Законот за спречување на насилство и недостојно однесување на спортски натпревари

За време на ракометниот натпревар меѓу кадетските репрезентации на Македонија и Израел во спортската сала „Јане Сандански“, беше приведен Андреј Куцуловски, претседател на подмладокот на Левица „Црвена младина“. За инцидент информиираа од МВР од каде го сомничат непочитување на членот 3 од Законот за спречување на насилство и недостојно однесување на спортски натпревари:

„Денеска (28.04.2026) во 17:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во СЦ “Јане Сандански” каде се одржувал финалниот натпревар од Светско училишно првенство во ракомет помеѓу Македонија и Израел, А.К.(28) истакнал знаме од Палестина. Лицето е приведено во Полициска станица за сторен прекршок по чл.3 од Законот за спречување на насилство и недостојно однесување на спортски натпревари и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок“ соопштија од МВР.

Инаку членот 3 од Законот предвидува:

Под насилство и недостојно однесување на спортските натпревари се смета:
– поседување или конзумирање на алкохолни пијалаци или опојни дроги, поседување на пиротехнички средства, оружје и други средства погодни за нанесување повреди или за предизвикување на насилство од страна на лица кои доаѓаат на спортските натпревари, во целиот временски период при доаѓање, за време и по одржувањето на спортскиот натпревар;
– внесување и употреба во спортскитe објекти на алкохолни пијалаци, опојни дроги, пиротехнички средства, оружје и други средства погодни за нанесување повреди или за предизвикување на насилство;
– внесување и истакнување на транспаренти, знамиња и други предмети со текст, слика, знак или други обележја, како и пеење на песни или дофрлување на пораки кои предизвикуваат и поттикнуваат омраза или насилство врз основа на расна, национална и верска припадност или врз основа на други особини;
– фрлање предмети на спортскиот терен или во гледалиштето;
– палење и фрлање на пиротехнички средства;
– палење на навивачките реквизити, знамиња на други држави, знамиња на клубови и
други предмети;
– повикување, поттикнување и учествување во тепачка или физички напад на спортисти, гледачи, редари, службени лица, организатори на натпреварот и други учесници во спортските натпревари;
– физичка пресметка меѓу учесниците на спортските натпревари;
– недозволено влегување на спортскиот терен од страна на гледачите;
– оштетување или уништување на спортскиот инвентар и други делови од спортскиот
објект, како и на превозните средства во целиот временски период при доаѓање, за време и по одржување на спортскиот натпревар;
– недозволено влегување во делот на гледалиштето на објектот за спорт кој е наменет за противничките навивачи;
– престојување или задржување на навивачи во делот на гледалиштето за коe не поседуваат влезница или пропусница која ја издава организаторот на натпреварот и
– недозволено влегување на навивачи во објектите кои се во функција на вршење на спортските активности.

Сите дејствија утврдени во ставот 1 на овој член претставуваат потежок облик на насилство и недостојно однесување, доколку се извршуваат од страна на маскирано лице.

Од Левица  информираат дека приведувањето се случило откако Куцуловски истакнал палестинско знаме на трибините.

Од партијата го осудија настанот, оценувајќи го како непропорционална употреба на сила и најавија дека ќе ги искористат сите правни и институционални механизми за расчистување на случајот.

Според нивните наводи, тој бил оттурнат и однесен со лисици во полициска станица, без да му биде образложена основата за лишување од слобода, ниту да биде наведено конкретно кривично дело или прекршок. Тврдат и дека полициските службеници не се легитимирале при интервенцијата.

Инаку, натпреварот заврши со победа на македонската репрезентација, која во финалето на Светското училишно првенство ја совлада селекцијата на Израел со 38-32 и го освои златниот медал.

Најнови вести од: Македонија

Претседателот на Уставниот суд на РМ Костадиновски за политичките притисоци: Не смее да ја диктираат правдата

Наша должност е да им одолееме на политичките притисоци и да ја држиме политиката во рамките на правото – порача денеска во Охрид претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски. Тој оцени дека Уставниот суд е единствената институција што треба да обезбеди политиката и државните органи да ги почитуваат уставните и законските рамки.

ВМРО ДПМНЕ: Скопје има три големи несреќи – Пиколомини, земјотресот во 1963 и СДС!

„Најголеми несреќи кои му се имаат случено на Градот Скопје е палењето од страна на Пиколомини, земјотресот во 1963 и владеењето на СДС во изминатите години: потрошија милионски буџети, а не направија ниту еден проект значаен за граѓаните на Скопје!“ – истакнува ВМРО ДПМНЕ.

Вреди: Ахмети со ДУИ „продаваше“ лажен патриотизам, а преку сватот зеде кредит од 5 милиони евра од „Алта банка“ во Белград”!

Додека Али Ахмети и врвот на ДУИ со години јавно продаваа лажен патриотизам, нивната семејна бизнис-мрежа, далеку од очите јавноста, склучувала милионски договори директно во Белград, наведува „Вреди“ во соопштение.

Богатства на македонската археологија: во античкиот град кај Исар–Марвинци пронајден монументален комплекс на римска бања

Археолошките истражувања на локалитетот Исар–Марвинци кај Валандово во 2026 година донесоа исклучителни резултати, кои значително ги прошируваат досегашните сознанија за развојот, архитектурата и секојдневниот живот во античкиот град.

Мицкоски: Практичниот дел на правосудниот испит ќе биде на македонски јазик! ДУИ дрско се обидува да потпали меѓуетничка напнатост!

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во одговор на новинарски прашања појасни дека предложеното решение за полагање на правосудниот испит предвидува два дела, при што теоретскиот ќе може да се полага и на албански, турски или англиски јазик, додека практичниот дел ќе биде исклучиво на македонски јазик и кирилско писмо.

Ѓорѓиевски: Скопје ја памети цената на слободата и нема да ги заборави оние што ги дадоа животите

Потсети дека на денешен ден, по неколкудневни тешки борби со фашистичкиот окупатор, борците од 42-та и 50-та народноослободителна дивизија и 16-та македонска бригада го ослободиле Скопје

Најнови вести

To top