Македонија

Продлабочување на соработката: Стоилковиќ во Белград на средба со српската министерка за економија

Вицепремиерот Стоилковиќ во Белград оствари работна средба со потпретседателката на Владата на Србија и министерка за економија Адријана Месаровиќ. Се разговараше за потпишување на меморандум за натамошно унапредување и продлабочување на економската соработка…

Македонија и Србија ги продлабочуваат своите работни активности. Заменик-претседателот на Владата и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ, во Белград имаше работна средба со потпретседателката на Владата и министерка за економија на Србија, Адријана Месаровиќ. На средбата се разговараше за претстојниот македонско-српски бизнис форум што ќе се одржи во Скопје на 3 декември, за натамошното унапредување и продлабочување на економската соработка меѓу двете земји, за поттикнување на заеднички инвестициони проекти, како и за заеднички настап на трети пазари за што постои значителен потенцијал.

  • Бидејќи наша заедничка цел е интензивирање на економската соработка и зголемување на надворешнотрговската размена, денеска остварив мошне конструктивен состанок со потпретседателката на Владата на Србија, г-ѓа Адријана Месаровиќ. Бројките веќе покажуваат дека оваа година, и покрај сите предизвици, економската размена ќе биде поголема од минатата, имајќи предвид дека за првите девет месеци е остварена размена од повеќе од 1,1 милијарда евра, додека во 2024 година таа изнесуваше 1,4 милијарда евра, истакна по средбата Стоилковиќ.

Тој додаде дека посетата претставува уште една потврда на континуираниот дијалог и партнерството меѓу двете земји, насочени кон стабилен, економски поврзан и европски ориентиран регион на Западен Балкан.

  • Стопанствениците бараат соработка и нашата цел е да излеземе во пресрет на нивните барања и дополнително да ги поврземе. Со поддршка на претседателот на Владата на Македонија, Христијан Мицкоски, на 3 декември во Скопје ќе организираме голем Бизнис форум на кој ќе разговараме за понатамошно унапредување на соработката, пласман на македонските и српските производи на пазарите на двете држави, за што постојат сериозни потенцијали. Владата на Христијан Мицкоски води одговорна политика која носи конкретни резултати – стабилен економски раст, отворање на нови пазари и зајакнување на регионалната стабилност и поврзаност. Благодарение на таквите политики, нашите стопанственици ќе имаат сè повеќе можности за пласман на своите производи и услуги на други пазари, изјави Стоилковиќ.

Нашата цел е да ја интензивираме економската соработка и да ја зголемиме надворешно-трговската размена. Бројките веќе покажуваат дека оваа година економската размена ќе биде поголема, со оглед на тоа што во првите девет месеци веќе се постигнати 1,1 милијарда евра, додека во 2024 година таа изнесуваше вкупно 1,4 милијарди евра, објави Месаровиќ на Инстаграм по средбата со Стоилковиќ.

Министерката посочи дека бизнис форумот во Скопјe ќе биде организиран со цел дополнително поврзување на бизнисмените, а со поддршка на премиерот Христијан Мицковски.

На средбата е потврдено дека соработката меѓу Македонија и Србија продолжува да се развива во духот на партнерство, доверба и заеднички интереси на економскиот и регионалниот план. Потпретседателот на македонската Влада и министер за односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ, кој престојува во официјална посета на Србија, денеска учествуваше и на конференцијата „Western Balkans 2030“.

Конференцијата „Western Balkans 2030“, што се одржува првпат, ги собра претставниците на меѓународните, европските и регионалните институции, владите, инвеститорите и иноваторите, со поддршка на Европската инвестициска банка и Канцеларијата на ОН за проектни услуги. Средбата е организирана од списанието The Region со цел да се истакне потенцијалот на регионот да придонесе за создавање поконкурентна, одржлива и потесно поврзана Европа.

Намерата е конференцијата да се одржи и во други градови низ целиот Западен Балкан до 2030 година, како годишен форум за дијалог и соработка, каде што идеите се трансформираат во конкретни акции и партнерства.

Најнови вести од: Македонија

Почина Волф Ошлис, амбасадорот на македонската кауза: Ако Европа ја изгуби Македонија, ќе се изгуби и себеси!

На 30 август 2026 година германските научни платформи објавија потврдена вест, која е повеќе од тажна за македонскиот народ и Република Македонија: уште на 18 август 2026 година почина професор доктор Волф Ошлис, германскиот и европски македонист со непроценливо значење на неговиот политичко-јазичен македонистички ангажман за македонскиот народ и јазик, за одбраната на националната, идентитетска, јазична, културна и историска засебност и самобитност на Македонците наспроти сите нивни негирања како народ. Неговата реченица: „Нема ништо полесно отколку да бидеш пријател на Македонија. Јас сум тоа од 1975 година…“ ја одразува неговата длабока професионална, но и лична, чувствена врска со македонската кауза, со Македонците и Македонија

Легендарниот македонски војвода Александар Турунџе пред да си стави јамка на вратот на 30.8.1905: Македонија ќе биде слободна!

„Личната трагедија на македонскиот револуционер, ајдутин, четник и војвода Александар Турунџев, кој е предаден на турските власти за 150 златници од свој сонародник, по што бил обесен на Ат-Пазар во Битола на 30 август 1905 година, освен што е симбол на она што многу често провејува низ македонската историја – предавството, многу повеќе е национален херој и симбол на борбата за слобода на македонскиот народ.Погубувањето на Турунџев се одвивало пред бројни сведоци, меѓу кои и неговата сопруга и нивните две малолетни деца, ќерка и син, кои биле принудени немо да го гледаат испуштањето на последниот здив на својот татко.“ – објави Македонската информативна агенција – МИА.

Штип е без вода: Филтер станицата исклучена, поради крајно големата заматеност од синоќешното невреме

Градот Штип од 14 часот е без вода за пиење. Филтер станицата се исклучи од цевководот на хидросистемот „Злетовица“ поради големата заматеност на водата која пристигнува од браната Кнежево, информираше на вонредната прес-конференција директорот на ЈП Исар Штип Александар Арсовски.

ЗНАМ го осудува глорифицирањето на воените злосторства

Движењето ЗНАМ најостро ги осудува воените злосторства случени на поранешните југословенски простори, вклучувајќи ги и хашките случаи во Македонија од 2001г., и секој обид за нивна глорификација, релативизација или оправдување

To top