Македонија

Продолжен притвор на осомничените за загадена вода во Гостивар

Клековски со документи од резултатите од ЦЈЗ Тетово

Гостиварскиот основен суд им го продолжи притворот на екс директорката на Комуналец Гостивар Артана Асани и уште двајца раководители во претпријатието осомничени за загадување на водата за пиење. Од судот за Телма потврдија дека на предлог на обвинителството одлучиле да останат во притвор уште 30 дена.

Адвокатот на двајца од осомничените за Телма вели дека ќе поднесе жалба затоа што смета дека нема основ да им биде продолжен притворот

Артана Асани и Леон Нуредини се суспендирани од работа и не можат да го повторат кривичното дело кое им се става на товар. Двајцата имаат дадено изјава пред јавен обвинител и исполнуваат условите за куќен притвор. Доставивме и барање за замена на мерката притвор со куќен притвор – Фатмир Алили адвокат.
Истрагата е во тек а обвинителството продолжува со собирање и анализа на доказите.

Министерството за здравство издаде препораки за ЈП Комуналец Гостивар но и за општинските комунални инспелктри надлежните инспекциски тела . Меѓу нив е континуирано следење на количината на хлор и поставување на автоматизиран систем за мерење следење и графичко регистрирање на параметрите релевантни за процесот на дезинфекција .

На денешната прес конференција министерот за здравство ги достави до новинарите резултатите од ЦЈЗ Тетово во надлежност на министерството, направени во деновите пред водата да добие зелено светло за пиење а дополнитлено на електорнска пошта ги испратија анализите за цела година. Клековски вели не е овластен да ги објави анализите на ЦУК и АХВ.

Три лаборатории работеа. Ова е само тоа што е работено од ЦЈЗ Тетово. Правеа и други две лаборатории паралелни извештаи, кажа Клековски и нна новиунарското прашање дали разултатите од сите три извештаи се покопуваат тој потврди.

Епидемиолошкиот извештај е готов но чекаме институационални реакации бидејки се засегнати и др институции, општинина Гостивар, обвинителство, АХВ, ЦУК и ќе задоцниме неколку дена, истакна Сашо Клековски, министер за здравство.

СДСМ и денеска праша зошто ако анализи се објавуваат секојдневно не се објавуваат.

Пет недели власта тврди дека водата е исправна, а пет недели нема јавен документ што го потврдува тоа. Наместо стручни лица и надлежни институции, пет недели гледаме полицајци како се занимаваат со вода. Стручно лице кое ќе застане пред јавноста – нема.Институција која со потпис и печат ќе потврди дека водата е безбедна – нема – рече Наташа Поповиќ, СДСМ.

Претседателот на советот на општина Гостивар Валдет Џафери во телефонски разговор за Телма информираше дека за 31 август е закажана седница на која ќе се разговара и за можноста граѓаните на гостивар да бидат ослободени од фактурите за месеците кога не била исправна за пиење и за употреба.

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова на Самитот на ЕПЗ во Даблин: Европа не треба да си дозволи да остане недоволно поврзана со Западен Балкан

„Секое одложување на поврзувањето е пропуштена можност. Секоја одложена инвестиција има економска последица. И секоја политичка цел има цена којашто не ја плаќаат институциите, туку граѓаните“

(Видео): Филипче лаже за Алта банка – немало забрана за работа во ЕУ за банката, тврди ВМРО-ДПМНЕ

Портпаролот на партијата, Валентин Манасиевски, на прес-конференција го обвини претседателот на СДСМ, Венко Филипче, дека шири невистини за банката и за нејзиниот сопственик Давор Мацура.

(Видео): СДСМ поднесе кривична пријава за Трајко Славески – бара да му се воведат мерки на претпазливост

СДСМ бара мерки на претпазливост за Трајко Славески и за останатите лица, вклучително привремена забрана за вршење должности на сите инволвирани, за, како што рече Димитријевиќ, да се спречи влијание врз сведоците и можно уништување на документацијата.

Стојаноски: СДСМ бега од вистината за Алта банка, бараме итно продолжување на надѕорната расправа

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски денеска изјави дека СДСМ одбива да свика продолжение на надѕорната расправа за Алта банка, по вчерашните случувања на седницата.

Порибено Преспанското Езеро со речиси 7 илјади млади крапови

Порибувањето е спроведено од страна на регистрираното мрестилиште „Акватика“ од Неготино за чија реализација се обезбедени 500.000 денари од страна на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство преку Програмата за финансиска поддршка во рибарството и аквакултурата за 2026 година.

„Н.М.“: Пукнатините во ЕУ се сè подлабоки! Каква доверба во неа да има Македонија, кога чека со години пред нејзините врати?!

Европа сè поретко е на главните маси на кои се носат важните геополитички одлуки, а сè почесто е во улога на набљудувач, коментатор или спореден учесник на настаните. Земјите- членки на ЕУ ја користат секоја можност пред донесувањето на заедничките одлуки да се осврнат на своите национални потреби како приоритетни, дури и кога станува збор за интереси на целата Унија. Во ЕУ се редат закани со блокади, финансиски условувања и национални калкулации. Каква доверба во таква Европа треба да имаат земјите кандидати, што со години чекаат пред нејзините врати? – ова се истакнува во анализата со наслов „Пукнатините во ЕУ сè повеќе се продлабочуваат! “, која е објавена во весникот „Нова Македонија“.

Савески: Јавното обвинителство ќе постапува по секоја кривична пријава поврзана со Алта банка!

„Ќе мора и надлежниот обвинител да ги провери наводите и да преземе соодветни истражни дејства.“ – истакнува државниот јавен обвинител Ненад Савески во интервјуто за емисијата „Клик Плус“ на ТВ21, кое ќе се емитува вечерва во 21:30 часот.

To top