Македонија

Професорката Билјана Ангелова реизбрана за ректор на најстариот македонски универзитет

На денешните избори за прв човек на УКИМ повеќе професори гласале за Билјана Ангелова, актуелната ректорка на Универзитетот Св. Кирил и Методиј

Како што информираат извори од изборната комисија, Ангелова освоила 2924 поени, наспроти нејзиниот против кандидат Дарко Данев кој освоил 2675 поени, јавува Радио Лидер.

Биљана Ангелова е родена во Скопје. Додипломски и последипломски студии завршила на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, каде и докторирала во 1999 година на Економскиот факултет.

Во Економскиот институт е вработена од 1992 година, каде во континуитет се избира во сите научни и наставно-научни звања. Во 2007 година првпат е избрана во највисокото научно звање научен советник/редовен професор во областа на деловни финансии, а во 2012 година повторно е избрана во редовен професор во областа на финансиски менаџмент.

Во периодот 2006 – 2008 година била раководител на втор циклус студии по Меѓународен менаџмент, а од 2008 година до денес раководи со насоката Финансиски менаџмент. Била прв раководител на студиите од трет циклус по организациски науки – менаџмент на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во периодот 2012-2016 година. Од ноември 2009 до септември 2016 година била директор на Економскиот институт. Во јуни 2016 година е избрана за проректор за финансии, инвестиции и развој на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на која функција е и вторпат избрана и во 2020 година за мандатниот период 2020-2023 година. Од 2016 до 2023 година е претседател на Комисијата за финансии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и на Комисијата за издавачка дејност на Универзитетот. Од 2016 година е член на академскиот борд на Конфучиј Институтот при УКИМ и активно работи на научна соработка меѓу Универзитетот за финансии и банкарство во Ченгду, Република Кина и Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Од 2018 година е претседател на надзорниот одбор на Универзитетското друштво за иновации и трансфер на технологии „ИНОФЕИТ“. Од 2018 година е активно вклучена во активностите за промовирање и поддршка на Акцелераторот на УКИМ.

Била член на Комисијата за нострификација на странски високообразовни дипломи при Министерството за образование и наука во областа на општествените и хуманистичките науки. Била иницијатор и прв претседател на Меѓународната асоцијација на економски институти на земјите на Југоисточна Европа во периодот 2012-2013 година. Во 2016 година е избрана за независен член на Надзорниот одбор на Халк Банка Скопје. Учествувала во формирањето на Асоцијацијата за банкарство и информатичка технологија, препознатлива по спроведување на стручни обуки за вработените во банкарскиот сектор, каде е назначена за член на Академскиот одбор.

Од 2014 до 2018 година била претседател на Комисијата за доделување на државни ордени и признанија во кабинетот на Претседателот на Република Македонија.

Автор е на повеќе од 70 публикувани научни трудови и трудови презентирани на конференции и печатени во меѓународни списанија, 10 учебници, учебни помагала и прирачници, а учествувала во реализацијата на голем број научноистражувачки и апликативни проекти. Реализирала студиски престои на универзитети и институции во повеќе земји.

Најнови вести од: Македонија

Ѓуров и Јотова бараат примена на „Францускиот предлог“, што е негирање на македонскиот јазик и Македонците, кои уште во 1890 бараа од Цариград негова употреба!

Пишува: Свето Тоевски „Тогаш, кога седевме настрана со вето, сите од целата ЕУ беа против нас. Но со францускиот предлог успеавме да промениме – не да биде Бугарија против ЕУ, туку С.Македонија да биде против ЕУ. Успеавме нашиот став да го направиме став на ЕУ и тоа нè стави во многу посилна позиција, отколку кога […]

(Фото+Видео): Нова авиолинија Скопје-Тиват, наскоро директно од Скопје до црногорското приморје

Станува збор за реализација на договореното при неговата претходна посета на Подгорица, нагласувајќи дека новото авиоповрзување ќе има значење за зголемување на размената меѓу двете држави.

Пријавете се на работилницата на „Реплек“ со Марко Пејчиновски: „РЕсет за внатрешна сила. РЕсет за добросостојба“

Овие иницијативи се надополнување на бројните активности што компанијата континуирано ги реализира за своите вработени во рамките на платформата РЕсет, со цел поттикнување здрави животни навики, личен развој и целокупна добросостојба.

Мицкоски: Очекувам победа на ВМРО ДПМНЕ во Брвеница! Да се гласа не за етнички поделби, туку за подобар живот во Македонија!

Денеска ќе имаме завршно обраќање пред жителите на Брвеница. ВМРО-ДПМНЕ во секоја кампања влегува со цел да победи, така и во оваа кампања во Брвеница, во вториот круг. Во првиот круг имавме најмногу гласови, речиси 3000, очекуваме тој број на гласови да го зголемиме. Очекувам победа на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата – изјави денеска премиерот и лидер на владејачката македонска партија Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на вториот круг за избор на градоначалник на општина Брвеница.

Тачи: Албанските партии треба да се договорат за документ за целосна политичка и територијална автономија на Албанците во Македонија!

Лидерот на ДПА, Мендух Тачи, меѓу другото, во емисијата „Дијалог“ на медиумската платформа на „Лајм“  зборуваше и за „потребата од постигнување договор меѓу албанските партии за одобрување на документот за целосна политичка и територијална автономија“.

Агатангел: ВМРО-ДПМНЕ ќе владее колку Тито, оваа Влада ја консолидира Македонија како држава и ги штити националните интереси!

Митрополитот Повардарски Агатангел изрази целосна поддршка за премиерот Христијан Мицкоски и актуелната Влада, оценувајќи дека државата е во сигурни раце, во интервју за телевизија „Алфа“, тој прогнозираше дека ВМРО-ДПМНЕ ќе остане на власт онолку долго колку што владеел Јосип Броз Тито.

Наумовски: Победата на опозицискиот претседателски кандидат во Бугарија води до предвремени парламентарни избори

-Според некои анализи, тие имаат изгубено можеби две третини од гласовите од парламентарните избори и, според мене, тоа е прв показател дека поддршката која ја имаше Радев на парламентарните избори веќе е значително намалена. Се покажува дека релативно комотната позиција која Радев ја имаше како претседател на државата е различна од состојбата која сега ја има да решава проблеми како премиер, рече Наумовски. По социјалните мрежи имаше една шега дека има низок одѕив на изборите во Бугарија затоа што сите бугарски возови заминале во Србија Ова во „Наткаст“ на „Курир“ го изјави Васко Наумовски, универзитетски професор и поранешен вицепремиер за евроинтеграции.

Мицкоски: Достигнат е БДП од 20 милијарди долари, целта е 22 милијарди! – Опозицијата би се радувала РМ да потоне во нивното политичко мочуриште!

Податоците на Државниот завод за статистика за конечните бројки за 2024 за растот на бруто домашниот производ и ревидираните бројки за 2025 се во нагорна линија од 3,8 отсто, со што Владата ја постгна поставената цел до крајот на мандатот номиналниот бруто домашен производ да биде 20 милијарди долари, сега цели кон 22 милијарди долари, информира денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Најнови вести

To top