Македонија

(Прв дел) Знаат ли во Бугарија што чинат и што кажуваат за Македонија (ФОТО)

Овој пример покажува дека во Бугарија не знаат ниту што прават ниту што говорат за состојбите во Македонија

Според она што се гледа јавно во соседна Бугарија огромен дел од тамошната јавност не знае што точно се случува во Македонија.

 

Покрај стотина луѓе од политиката, дел од науката и дел од медиумите кои се инволвирани во ширење на антимакедонска пропаганда голем дел од јавноста па дури и медиуми живеат во свој свет изграден на лаги за Македонија.

 

Колку бугарската јавност се храни со лаги најдобар пример е влијателниот и читан портал 24 часа кој раскажува дека поранешен македонски премиер отишол во Стразбур и таму зборувал за притисокот кој наводно се врши врз Бугарите во Македонија.

 

24 часа зборува за екс премиерот Љубчо Георгиевски а на сликата е сосема друг човек.

 

 

 

 

Освен тоа што таков притисок според сите релевантни светски организации за човекови права не постои воопшто,  немало таква посета на екс премиерот.

Порталот не знае дека човекот за кој пишува никогаш не бил екс премиер туку директор на бугарски културен центар со име кое асоцира на фашизам и нацизам.

Овој пример покажува дека во Бугарија не знаат ниту што прават ниту што говорат за состојбите во Македонија.

 

(Продолжува)

 

Најнови вести од: Македонија

Убава вест: Крај за договорите на дело во државните институции – работниците ќе добијат вработување на неопределено време

Лицата ангажирани со договор на дело и други видови договори во дел од јавниот сектор ќе добијат можност за вработување на неопределено време, со законско решение што предвидува фазна трансформација на нивните ангажмани.

„Н.М.“: За Македонија отворањето на Уставот не смее да биде приоритет! – Во овој опасен геополитички момент по диктат на Бугарија тоа е самоубиствено!

„Сега во овој опасен геополитички момент отворање прашања по диктат на Бугарија е опасно и самоубиствено. Приоритет треба да се внатрешните реформи, зајакнување на демократските капацитети на државата и создавање широк консензус за стратегиските прашања, за националниот интерес.“ – се нагласува во анализата со наслов „Проширувањето може да предизвика геополитички расцеп во Европа – каде тогаш ќе се (с)најде Македонија“, која е објавена во весникот „Нова Македонија“.

(Фото): Општина Карпош и Град Скопје во заедничка инспекциска акција

Во текот на акцијата се вршеа целосни и детални контроли во рамки на надлежностите на инспекциските служби. Во одредени случаи, беше побарана и теренска придружба од униформирани полициски службеници од ПС Карпош.

To top