Македонија

Првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика поднесе оставка

По 8 години на функција заминува македонскиот ,,крал на цената на струјата”

Првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски денеска поднесол оставка од функцијата претседател на регулаторното тело, тврдат извори во РКЕ.

Оставката доаѓа две недели по кривичната пријава на Финансиската полиција за злоупотреба на службената должност.

Бислимоски тврди дека не е прекршен Законот и најави целосна соработка со институциите.

Марко Бислимовски беше именуван за претседател на Регулаторната комисија за енергетика во Јуни 2018 година од власта на СДСМ и ДУИ.

Најнови вести од: Македонија

Обвинителството реагира на барањето на родителите – промената на обвинител не го забавува судењето

Јавното обвинителство реагираше остро на барањето на родителите на загинатите во трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“ да се врати обвинителката Ивана Алексова Трајчева на предметот против обвинетите полицајци.

To top