Македонија

Првото читање помина: Ќе се даночат и најевтините пакети од Тему и АлиЕкспрес

Собранието денеска го изгласа во прво читање Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за данок на додадена вредност, со кој се укинува досегашното ослободување од ДДВ за комерцијални пратки со мала вредност од странство, вклучувајќи ги и најевтините пакети од „Тему“, „АлиЕкспрес“

Собранието денеска го изгласа во прво читање Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за данок на додадена вредност, со кој се укинува досегашното ослободување од ДДВ за комерцијални пратки со мала вредност од странство, вклучувајќи ги и најевтините пакети од „Тему“, „АлиЕкспрес“ и слични платформи, дури и кога чинат помалку од 22 евра.

Заменик-министерот за финансии Николче Јанкуловски пред пратениците нагласи дека главната цел е создавање појасна правна рамка, целосно спречување на злоупотребите и конечно обезбедување пофер и порамноправни услови за домашните стопанственици, кои години наназад беа во очигледно неконкурентна позиција споредено со странските онлајн продавачи.

Овие измени ќе значат дополнителен приход во буџетот, но истовремено и значително поскапување на производите што се нарачат преку споменатите платформи, со што тие ќе станат далеку понеконкурентни во споредба со домашната понуда.

Законот сега оди на второ читање, по што се очекува конечното усвојување.

Најнови вести од: Македонија

(Фото): За шверцот на марихуана во Србија ќе одговараат сите инволвирани

Ќе мораме како јавност да имаме разбирање дека можеби е еден од најголемите кривично-правни процеси коишто ќе треба да бидат сработени од страна на Министерството за внатрешни работи заедно во соработка, особено со Финансовата полиција, Управата за финансиско разузнавање, Царина и Јавното обвинителство, рече Тошковски.

To top