Македонија

Пуштен на домашно лекување доктор Шаини, кој беше ранет во Куманово

Пациентот е во добра општа состојба

Доктор Зекирија Шаини, кој вчера беше ранет при оружен инцидент во центарот на Куманово, денеска е пуштен на домашно лекување од Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија во Скопје.

Директорката на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија, Јасмина Ѓоргиевска Павловска за МИА потврди дека пациентот се чувствувал добро.

– Пациентот е во добра општа состојба. По санирање на раните е пуштен на домашно лекување, изјави Ѓоргиевска Павловска.

Министерството за здравство вчера попладне преку соопштение реагираше дека со вознемиреност ја примиле веста за оружениот напад во Куманово при што повреден бил нивен колега, доктор Шаини.

– Ја известуваме јавноста дека повредите не се животно-загрозувачки и дека докторот е во стабилна состојба и се опоравува. Ќе биде обезбедена целосна поддршка за докторот додека трае неговото опоравување и рехабилитација. Министерството категорично осудува какво било насилство против здравствените работници и потврдува дека нивната безбедност е приоритет. Ќе работиме на унапредување на мерките за заштита на персоналот во здравството, преку соработка со здравствените установи и локалните власти, потенцираа вчера од Министерството за здравство.

Воедно беше посочено дека активно ќе се соработува со Министерството за внатрешни работи и локалните власти во Куманово, со цел целосно расчистување на случајот.

Доктор Шаини, според соопштението од МВР, вчера беше повреден во оружен инцидент што се случи во 13:54 часот на крстосница од улиците „Димитрије Туцовиќ“ и „11 Октомври“ во центарот на Куманово, кога две лица во движење, од огнено оружје пукале во патничкото возило „фолксваген голф “, кое тој го управува. Тој прво беше пренесен во Кумановската општа болница на медицински иследувања, по што беше префлен на скопските клиники

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top