Македонија

Работна посета на претставници од Министерството за финансии на САД во Стопанската комора на Македонија: нагласена поддршката за македонските економски реформи

Особено внимание посветено на улогата на приватниот сектор во создавањето стабилна и предвидлива економска клима, како и на важноста на отворените и ефикасни јавни финансии

Денес во просториите на Стопанската комора на Република Македонија се одржа работна средба меѓу претседателот на Комората Бранко Азески и претставниците на Министерството за финансии на Соединетите Американски Држави Томас Метју и Лаура Хостели, советници за приходна политика во министерството. Целта на посетата беше размена на информации и мислења за тековните економски предизвици, фискалните политики и можностите за продлабочување на соработката меѓу двете институции. Особено внимание беше посветено на улогата на приватниот сектор во создавањето стабилна и предвидлива економска клима, како и на важноста на отворените и ефикасни јавни финансии.

Бранко Азески се заблагодари за континуираната поддршка и стратегиското партнерство, кое Министерството за финансии на САД го обезбедува, заради јакнење на институционалните капацитети и поддршка на економските реформи во Република Македонија. Тој ја истакна важноста на ваквите средби за унапредување на дијалогот и соработката со меѓународните партнери. На средбата се разговараше за соработката на бизнис-заедницата со државните институции, надлежни за прибирање на јавните приходи и услугите, кои бизнис-заедницата ги добива од нив. 

Стопанската комора на Република Македонија изрази задоволство од досегашната соработка со Управата за јавни приходи и Царинската управа, особено од отворениот дијалог и заедничкото решавање на предизвиците, со кои се соочуваат компаниите, но ги истакна и отворените прашања и областите, каде што постои можност за подобрување.

Комората го поздрави постојаното функционирање на новоформираниот Совет за даночна усогласеност во УЈП и го смета како клучна платформа за отворена расправа, размена на мислења и обликување практични решенија во областа на оданочувањето, како и напорите на Управата за јавни приходи за решавање одредени проблеми, со кои се соочува бизнисот. Сепак, како приоритети, на кои во иднина треба да се работи, ги посочи: поголема интеграција на системите за податоци во УЈП, автоматизацијата на процесите и забрзување на издавањето даночни акти, јакнење на капацитетите на инспекциските служби и нивна постојана обука, заради исто постапување на инспекторите при инспекциските контроли, воведување „бела листа“ на уредни даночни обврзници, забрзување на воведувањето електронска фактура (Е-фактура), постојани контроли за фискализација, спречување на сивата економија во електронската трговија и потребата да се создаде систем за навремен поврат на даноко на додадена вредност.

Од денешната средба произлезе заедничка согласност за продолжување на меѓусебната комуникација и соработка во иднина.

Најнови вести од: Македонија

ЈСП губи патници: Дали во Скопје умира јавниот превоз и како да се зачува градската навика?!

Најголемиот недостаток во досегашните дискусии за јавниот превоз е што БРТ, лесното метро, градскиот воз и класичните автобуси често се третираат како одвоени решенија. Но, модерниот јавен превоз функционира токму спротивно – како мрежа во која различни видови транспорт се надополнуваат.

Ѓорге Иванов: Секоја генерација има своја борба, нашата е за подостоинствен живот во Македонија

Чествувањето на 23 Октомври во рамките на политичкиот дискурс во Македонија служи како инструмент за мобилизација на јавното мнение и потсетување на колективната меморија. Политичките елити го користат овој историски датум не само за оддавање почит кон жртвите од минатото, туку и за легитимирање на сопствените политички агенди поврзани со реформите, европските интеграции и заштитата на националните интереси.

На Денот на македонската револуционерна борба порака од Кос: Направете ги уставните измени, исполнете ја вашата обврска!

Уставните измени се чекорот што треба да го направи земјава за да продолжи евроинтегративниот процес без дополнителни политички одлуки, порача еврокомесарката за проширување Марта Кос по денешната тет-а-тет средба во Брисел со вицепремиерот и министер за европски прашања Беким Сали.

СВР Тетово: Се преземаат мерки за спречување меѓуетничка нетрпеливост кај младите

Секторот за внатрешни работи Тетово ја информира јавноста во врска со видео материјалите кои се споделени во дел од социјалните мрежи, а се однесуваат на синоќешниот инцидент во кој беа вмешани неколку малолетни лица, дека синоќа тие малолетници се обиделе да проверат кај две 11-годишни деца дали нивната облека содржи обележја на навивачка група, при што изреагирале случајни минувачи и не дошло до физички контакт.

Мицкоски: Над 1200 градилишта низ РМ, вложуваме во автопати, железница, образование и инфраструктура! – Јавните функционери да ја оправдаат дадената обврска!

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека Владата во изминатите две години работи на реализација на голем број инфраструктурни и развојни проекти, посочувајќи дека низ државата има повеќе од 1.200 активни градилишта и проекти.

Мицкоски: Никогаш нема да отстапам од интересите на мојот македонски народ! – Гоце е вткаен во нашето постоење, тој е Македонија!

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека нема да отстапи од, како што рече, интересите на македонскиот народ, нагласувајќи дека европската иднина на државата треба да се гради со мудрост, реформи и зачувување на националното достоинство.

To top