Македонија

Радио Лидер за инцидентот во Инфомакс: Напаѓачот добил покана за фер тепачка (ВИДЕО)

Кога напаѓачот дошол на ,,ферка” новинарот викнал полиција

 

Радио Лидер пренесува видео на новинската агенција МЕТА од кое се гледа дека на инцидентот кој се случи завчера во студиото на јутуб каналот Инфомакс му претходела јавна покана за фер тепачка од страна на новинар.

 

,,Абе, Горан Спасов, абе слушај бе да ти кажам тебе една работа. Прееска те гледам ни слика си ставил, ни ништо. Еден follower, ме следиш само мене на инстаграм, те блокирав. Многу бе силен ти? Еве знаеш кај сум! Дојди! Лингур”,  му порачува Митовски на слушателот кој во коментар реагирал дека Стевчо Јакимовски ја малтретирал неговата мајка како вработена во градинка во Општина Карпош.

 

По оваа покана за ,,ферка”, поканетото лице дошло во редакцијата на Јутуб каналот Инфомакс и почнало да крши, по што се гледа дека било пријавено во полиција, пипува Радио Лидер.

Веднаш по пријавата, пристигнала полиција која го привела лицето.

Повеќе на Лидер

Најнови вести од: Македонија

Соопштенијата на СДС им се пишувани со ChatGPT, користат ВИ, а се против дата-центри

Утрото пишуваат соопштенија со ChatGPT, во моменти кога на Заев му се полни телефонот на јахтата на Егејското Море, потоа СДС користи вештачка интелигенција, но затоа се против дата-центри, а се за садење марихуана, зашто бате Вице е во тој бизнис

To top