Македонија

Ралев: Не се откажав од кандидат за градоначалник на Скопје, но…

Професорот и архитект Мишко Ралев од медиуми дознал дека не е кандидат на СДСМ за Скопје и дека партијата оди со „проверен кандидат“

„….Јас за една национална телевизија изјавив дека како сериозен човек не сум се откажал од кандидатурата за кандидат за градоначалник. Сепак, на 11 јули од медиумите дознав дека јас не сум избран за кандидат за градоначалник на Скопје од страна на СДСМ.

Причината зошто е тоа така не ја знам ниту денес“, вели професорот и архитект Мишко Ралев чие име сериозно се спомнуваше како кандидат за градоначалник Главниот град со поддршка на СДСМ, но сето тоа се промени откако опозициската партија речи да оди со „проверениот кандидат“, Каја Шукова.

Во интервју за „Фактор“ тој објаснува како неговото име се најде меѓу најсриозните за потенцијален иден прв човек на Главниот град и дека идејата потекнала од поранешниот лидер на СДСМ Димитар Ковечевски:

„Имено, со Димитар се познававме од Универзитетот Американ Колеџ, и тој ме покани да бидам дел од Извршниот одбор на партијата, а со цел да бидам следниот кандидат за градоначалник на Скопје. Јас таа идеја ја прифатив со план да се формира стручна комисија за Скопје и полека да се гради политиката за развој на градот.

Но, таа комисија не се формираше и јас после една година си дадов оставка од Извршен одбор“, раскажува Ралев.

„Потоа, во септември 2024 г. бев повикан од Венко Филипче да разговараме прво за формирање на стручна комисија за Скопје и потоа да се размислува и за стратегија за кандидирање за градоначалник. И со Венко се знаевме од порано од одредени кругови. Ние повремено но, континуирано комунициравме и во април 2025 година, кога Венко го доби полниот мандат како претседател.

Конкретно разговаравме за моја кандидатура за градоначалник поддржана од СДСМ“ вели Ралев и потсетува дека ниту бил ниту е член на политичка партија. Побарав време да размислам, и после одредени консултации ја прифатив неговата покана, воден од идејата дека на Скопје му е потребен архитект и некој кој нема политичко „досие“.

Почнавме да работиме на концепти околу дизајнот на кампањата и како да се приближи мојата личност како непартиски кандидат до гласчкото тело. Беа вклучени и одредени личности кои требаше да ја водат кампањата од надвор но, и од партијата.

Потоа, состаноците и комуникацијата завршија некаде на почетокот на јули, можеби втори или трети јули. Оттогаш никој од партијата не ме комуницираше, за да после некое време почнат да се шират одредени гласови дека сум се откажал од кандидатурата“ раскажува Ралев.

Вели дека никој од СДСМ не му се јавил…

„Но, никој и не треба да ми се јави освен Венко, само тој ја знае причината…“ вели Ралев во интерву за Фактор.

Најнови вести од: Македонија

Откриени бистите на Томас Златков и Александар Стојанов на Градскиот стадион во Кочани

Бистите на Томас Златков и Александар Стојанов верните навивачи на „Сејмени“ на Фудбалскиот клуб „Осогово“ во Кочани, а кои загинаа во пожарот во дискотеката „Пулс“ пред речиси една година денеска беа откриени од страна на нивните пријатели и семејства

Работник починал по пад од висина во Скопје

Работник од кривопаланечко Герман починал по пад од висина во објект во изградба во Скопје. Настанот, како што информира Министерството за внатрешни работи, е пријавен вчера околу 16:30 часот во СВР Скопје, а 59-годишниот работник бил пренесен на Клиника каде околу 17:40 часот починал

МВР: Пријави за семејно насилство во повеќе градови – шест лица лишени од слобода, со две лица извршен службен разговор

На 13.03.2026 година во 21.37 часот во СВР Скопје, 32-годишна жена пријавила дека во домот на подрачјето на Кисела Вода била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер Д.Б., со кого биле разделени, при што ѝ бил оштетен и мобилниот телефон

Најнови вести

To top