Македонија

Рама: „Мајката“ Урсула да не ги заборави своите „седум деца“ од Западниот Балкан! Неодржливо е да не сме на масата каде што се одлучува!

Европа денес има потреба од Западен Балкан колку што и ние имаме потреба од неа, а можеби и повеќе. Нашиот регион е во многу подобра позиција отколку пред неколку години и време е политички да стане дел од европското семејство, изјави албанскиот премиер Еди Рама во интервју за „Еуроњуз Србија“. Тој смета дека земјите од Западен Балкан повеќе не треба да бидат оставени настрана од европските процеси.

– Европа денес има потреба од нас исто колку што и ние имаме потреба од неа. Ние сме важен дел од сложувалката што треба да го надополни европскиот мозаик. Не е одржливо да нè држи надвор од својата куќа и да не сме присутни на масата каде што се носат одлуките. Треба политички да бидеме обединети, како едно семејство – рече Рама. Тој предложи седумте држави што активно преговараат за членство во Европската Унија да учествуваат на заеднички политички состаноци, иако самото членство, како што нагласи, ќе остане индивидуален процес заснован на заслуги.

За да ја објасни идејата, Рама употреби семејна аналогија, според која претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен е „мајката“, а нејзините „седум деца“ се Албанија, Црна Гора, Србија, Северна Македонија, Босна и Херцеговина, Украина и Молдавија. – Не зборувам за членството, туку за политичко единство. Треба сите да седнеме на иста маса, како семејство – порача тој.

Осврнувајќи се на односите со Русија и Кина, Рама рече дека Албанија нема практична соработка со Москва, а ниту блиски врски со Пекинг. – Имаме дипломатски односи со Русија, но не и практични. Со Кина ситуацијата е малку поинаква, но ниту таму немаме блиски односи. Ние цврсто сме определени за западниот пат и не чувствуваме дека нешто ни недостига. Во тој поглед ние Албанците сме некој вид прозападни Талибани – изјави Рама.

Говорејќи за протестите против туристичкиот проект на Џаред Кушнер, наречени „Револуција на фламингата“, тој рече дека тие се доказ дека Албанија влегла во нова развојна фаза. – Луѓето денес бараат повеќе и тоа веднаш. Порано се радувавме на првиот парк во градот, денес секој сака парк во своето маало. Порано беше успех ако имаше вода 15 часа дневно, денес се очекува 24 часа. Тоа е цената на успехот и на растечките очекувања – рече Рама.

На прашањето дали протестите претставуваат обид за дестабилизација, тој одговори дека додека се мирни се легитимен дел од демократијата, а насилството би било „сосема друга приказна“. Како еден од најголемите предизвици за современите демократии, Рама ги посочи социјалните мрежи. – Тие имаат моќ да влијаат врз размислувањето на луѓето. Демократиите ја помешаa слободата на говор со можноста секој да допре до секој ум и да шири секакви бесмислици. Тоа е сериозен проблем. Лагите се забавни, а вистината е здодевна – заклучи албанскиот премиер.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски во Берлин на собир на ,,Коалицијата на волните”

Премиерот Христијан Мицкоски, заедно со министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, денеска во Берлин учествуваше на состанокот на Коалицијата на волните посветен на актуелната состојба во Украина и напорите за постигнување мир

АмЧам: Реформите, иновациите и меѓународните стандарди предуслов за подобра здравствена заштита

Американската стопанска комора во Македонија е акредитиран член на Стопанската комора на Соединетите Американски Држави и на мрежата на Американски стопански комори во Европа, организација која претставува 49 Американски стопански комори од 47 земји во Европа и Евроазија.

Велјановски до опозицијата: Не може да се заборави како ја пљачкавте државата

На денешната собраниска седница на Комисијата за финансирање и буџет каде се дискутираше Предлог-Буџетот за 2027 година, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Александар Велјановски, кажа дека и покрај долговите наследени од претходната влада, предводена од СДС, кои се тежок товар за државата, оваа Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи со силни инвестиции, со работа на фискална консолидација, но и со зајакнување на здравствената и социјалната заштита на граѓаните.

Ристески: Клучен приоритет на Владата е да ги задржи младите во Македонија

Законот за сезонски работници што е во сила од 1 јануари 2026 година, сѐ уште не ги дава очекуваните резултати, но ова не е закон направен за една година. Затоа организираме информативни средби и настани со помош на медиумите, стопанските комори, работодавачите и синдикатите – за да ги анимираме луѓето дека пензионери, студенти, оние кои сакаат дополнително да работат и сите категории невработени лица можат да го искористат, без притоа да го изгубат стекнатиот статус, да имаат комплетно пензиско и здравствено осигурување, фер ангажман, платен работен час колку што се ангажирани дополнително и со тоа да остварат дополнителни приходи – рече денеска заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески.

Општина Охрид ги засилува активностите за затворање на депонијата „Буково“ и воспоставување нов систем за комуналниот отпад

Завршена е постапката за избор на проектант за изработка на техничката документација за затворање на нестандардната депонија „Буково“, а во тек се и активностите за изградба на претоварна станица кај Мауцкер и собирен центар во Охрид. Претоварните станици и Регионалниот центар за управување со отпад во Новаци се очекува да бидат функционални во 2030 година. Ова беше истакнато на денешната средба во Општина Охрид, посветена на новиот Регионален план за управување со отпад и воспоставувањето интегриран систем за Југозападниот и Пелагонискиот плански регион.

Зафировски за признанието на Михаилова за ДАНС: Ова е бугарска пародија, во која самата се излаја за поврзаноста со тајните служби

Срамота и давање автогол, бугарска пародија во која Ива Михаилова самата недоветно се излаја за улогата на тајните служби и бугарската ДАНС во целиот нејзин „случај“, посочи безбедносниот аналитичар Воислав Зафировски во „За македонските работи“ со Љупчо Цветановски. Недораснато дете кое избрза и искрено си кажа се што треба и не треба, класичен автогол во полза на Македонија за случај кој беше поддржан и од највисоките бугарски функционери.

Најнови вести

To top