Македонија

Ахмети му честита на Рама, оти Албанија ги отвори ЕУ-поглавјата и порача дека „за Албанците сонцето изгрева на запад“

Европската иднина е единствениот пат за Албанците и за сите други од Западниот Балкан“ – напиша лидерот на ДУИ Али Ахмети на фејсбук, откако Албанија ги отвори сите поглавја за пристапување кон ЕУ.

„Претседателот на ДУИ Али Ахмети им честиташе на Албанија и на нејзиниот премиер Еди Рама за отворањето на сите поглавја за пристапување кон ЕУ. Ахмети посочи дека С.Македонија и Косово треба да ги следат чекорите и да ѝ се приклучат на посветеноста на Албанија и Црна Гора за интеграција во ЕУ со конкретна ангажираност заради надминување на предизвиците пред нас.“ – објави ТВ Шења, пренесувајќи ја објавата на Ахмети на фејсбук.

Шефот на интегративците наведува преку општествената мрежа: „Извонредно достигнување, големо браво за Албанија, браво Еди. Навистина, за Албанците сонцето изгрева на запад. Албанија успеа да ги отвори сите поглавја од преговорите поделени во 6 групи, за 12 месеци. Тоа е впечатлив рекорд. С.Македонија и Косово мора да ги следат стапките и да се приклучат на посветеноста на Албанија и Црна Гора за интеграција во Европската Унија со конкретен ангажман, заради надминување на предизвиците пред нас.
Во овие тешки времиња и околности за нашиот континент и за светот нашиот европски пат и усогласувањето со Европската Унија е најбезбедниот избор за нашите народи и за регионот.“

Најнови вести од: Македонија

Дали гостиварци пиеја деновиве вода, загадена и со фекални води, вбризгувани со пумпите во водоводот?! – Фекални бактерии пронајдени во два испитани примерока!

Според неофицијални информации, извештајот на Институтот за јавно здравје покажува дека од четирите испитани примероци на вода, во два се пронајдени фекални колиформни бактерии, а во еден примерок е утврдено и зголемено присуство на хлор.

Мицкоски: Повторно лоша вест за опозицијата, нема да банкротираме ниту оваа година!

Премиерот Христијан Мицкоски очекува солиден раст на БДП, реализација на капиталните инвестиции и начинот на кој, и покрај предизвиците и надворешните фактори, ја консолидираат македонската економија. Тој Верува дека доаѓа времето кога граѓаните ќе ги почувствуваат резултатите од целата работа.

Полицијата ги уапси директорката на гостиварски „Комуналец“ Артана Асани, техничкиот директор Леон Нуредини и раководителот на водоводот Вадедин Дервиши!

Започнува расплетот на ситуацијата околу случувањата со загадувањето на водата во гостиварскиот водовод и кој е сѐ виновен и одговорен околу тоа и заболувањето илјадници граѓани, кои ја пиеја загадената вода!

To top