Македонија

Раста уапсен во Охрид, не стигна да настапи со Џејсон Деруло

Познатиот српски пеач Стефан Ѓуриќ Раста уапсен во Охрид

Познатиот српски пеач Стефан Ѓуриќ Раста уапсен во Охрид.Синоќа наместо на настап со свестки позната звезда Џејсон Деруло на стадионот Билјанини Извори заврши во полициска станица.

Портпаролот Стефан Димоски во телефонски разговор за Сител го потвди случајот и подвлече дека пејачот е приведен поради поседување опојна дрога марихуана.

-На 03.08.2025 година во 00.10 часот, на спортски стадион во Охрид, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид, од слобода го лишија С.Ѓ.(36) од Белград, Република Србија кај кого, при извршен преглед, полициските службеници, пронајдоа и одзедоа опојна дрога Марихуана. Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, истакна портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Како што дознаваме познатиот пеач пред својот настап пред бројната публика бил затекна во шаторот позади бината при користење опојна дрога а до него била пронајдена  и опаковката со марихуана.

Инаку ова не е прв пат Стефан Ѓуриќ Раста да биде уапсен за поседување наркотици. Во октомври 2020 година, полицијата пронашла пет грама марихуана кај него, а потоа, по наредба на обвинителството, бил претресен неговиот стан, каде што била пронајдена и друга дрога.

Најнови вести од: Македонија

Филипче инсистира на референдум: Внесувањето на Бугарите во Уставот нема да го загрози македонскиот идентитет

Филипче повтори дека внесувањето на Бугарите во Уставот не претставува закана за македонскиот идентитет и побара граѓаните да добијат можност директно да се изјаснат за иднината на државата преку референдум.

ВМРО-ДПМНЕ: Специјалниот бугарски пратеник Венко Филипче на својот бугарски претседател да пренесе дека очекуваме испорака на пресудите од Стразбур

Манасиевски порача дека специјалниот бугарски пратеник Венко Филипче треба да му пренесе на новиот бугарски премиер Румен Радев дека Македонија „нема да се помести ниту милиметар“ додека не се исполнат обврските.

За компаниите што не ги почитуваат правилата на пазарот – 200.000 евра казни

Измените, треба да обезбедат посилна заштита на производителите и добавувачите, особено во секторот на храна и земјоделски производи, каде најчесто се јавуваат спорови околу условите за соработка со големите трговски синџири

To top