Македонија

Реакција на Групацијата за производство на цигари и Здружение на производители на тутун и тутунски производи при Стопанската комора на Македонија на предлог-текстот на законот за заштита од пушење

Компаниите членки на оваа Групација носат експертиза од над 180 пазари ширум светот и остануваат целосно подготвени да придонесат кон решение кое навистина ќе биде ефективно, спроведливо и во интерес на јавното здравје, граѓаните и економијата.

По повод денешната изјава на Министерот за здравство, Азир Алиу, за Предлог-законот за заштита од пушење, Групацијата за производство на цигари и Здружението на производители на тутун при Стопанската комора на Македонија, во чиј состав членуваат Philip Morris International, Imperial Brands, British American Tobacco и Japan Tobacco International, изразуваат длабока загриженост и разочарување од дополнетиот и изменет текст на предложеното законско решение којшто беше доставен до нас на 17 март, од Министерството за здравство.

И покрај фактот што нашата намера во целиот овој период на подготовка на законот беше да бидеме конструктивни и кооперативни и навремено доставивме анализи, предлози и детални коментари, и како групација, но и поединечно како компании, ниту една од нашите аргументирани забелешки не е вградена во новата верзија.

Во изминатиот период, свесно се воздржавме од медиумски настапи, сметајќи дека треба да ја вложиме енергијата во професионален и конструктивен процес со институциите – работни состаноци, технички средби и споделување меѓународни најдобри практики, особено во области кои и самото Министерство за здравство ги истакнува како приоритет: строга рамка за забрана на пушење во затворени простории и ефикасна заштита на малолетниците од пристап до тутунски производи.

За жал, како директно засегната индустрија, нашите ставови и мислења воопшто не се земени предвид. Предложениот текст, иако формално наведува јавноздравствени цели, реално воведува несразмерни ограничувања кои го нарушуваат легалното работење на индустријата и создаваат сериозни последици што ќе се почувствуваат многу брзо. Овој текст е неусогласен со релевантната регулатива, во делови неприменлив и несразмерно рестриктивен, со директно негативно влијание врз легалните комерцијални активности. Иако ја поддржуваме целта за строга рамка за забрана на пушење во затворени простории и заштита на младите, предложените решенија нема да ги постигнат посакуваните резултати во јавното здравје.

Уште поважно, предложените мерки не водат кон намалување на употребата на тутунски производи, туку поттикнуваат одлив кон сивата економија, која веќе достигнува 13–14% од пазарот, со неконтролирана продажба, небезбедни производи, прекугранично снабдување и сериозни загуби за буџетот.

Нашите анализи укажуваат дека прекумерните рестрикции, во споредба со други примери, не ја намалуваат преваленцата на пушење, туку доведуваат до:

– раст на нелегална трговија со тутунски и никотински производи,

– снабдување со производи од соседни држави со непроверен квалитет и доведување во ризик на здравјето на граѓаните од производи кои не ги поминуваат потребните проверки за безбедност и квалитет

– сериозен пад на буџетските приходи, на сметка на раст на нелегалната трговија и нарушување на целиот синџир на вредност

Тутунскиот сектор претставува значајна економска гранка: земјоделство, откуп, преработка, индустриско производство, извоз, HoReCa, логистика и над 5.000 малопродажни објекти. Во последните пет години државата инкасираше повеќе од 1,125 милијарди евра акцизни приходи, а само минатата година остварени се околу 350 милиони евра од акцизи, царини и даноци и над 200 милиони евра од откуп на тутун.

Затоа, од почетокот, а и денес, го поставуваме истото суштинско прашање: Дали министерството за здравство при креирање на законот ја вклучи и стратегијата како државата ќе се справи со одливот кон нелегалниот пазар, недостапноста до легални производи и последиците врз целокупната економија предизвикани од падот на буџетските приходи?

Ние, како Групација, од Министерството за здравство бараме реална транспарентност, суштинска инклузивност и регулаторни решенија кои се пропорционални, применливи и засновани на докази, а не мерки кои одат подалеку од европските практики и директиви, како и неусогласеност со други позитивни законски прописи и притоа создаваат повеќе штета отколку корист.

Компаниите членки на оваа Групација носат експертиза од над 180 пазари ширум светот и остануваат целосно подготвени да придонесат кон решение кое навистина ќе биде ефективно, спроведливо и во интерес на јавното здравје, граѓаните и економијата.

Најнови вести од: Македонија

Агатангел: ВМРО-ДПМНЕ ќе владее колку Тито, оваа Влада ја консолидира Македонија како држава и ги штити националните интереси!

Митрополитот Повардарски Агатангел изрази целосна поддршка за премиерот Христијан Мицкоски и актуелната Влада, оценувајќи дека државата е во сигурни раце, во интервју за телевизија „Алфа“, тој прогнозираше дека ВМРО-ДПМНЕ ќе остане на власт онолку долго колку што владеел Јосип Броз Тито.

Наумовски: Победата на опозицискиот претседателски кандидат во Бугарија води до предвремени парламентарни избори

-Според некои анализи, тие имаат изгубено можеби две третини од гласовите од парламентарните избори и, според мене, тоа е прв показател дека поддршката која ја имаше Радев на парламентарните избори веќе е значително намалена. Се покажува дека релативно комотната позиција која Радев ја имаше како претседател на државата е различна од состојбата која сега ја има да решава проблеми како премиер, рече Наумовски. По социјалните мрежи имаше една шега дека има низок одѕив на изборите во Бугарија затоа што сите бугарски возови заминале во Србија Ова во „Наткаст“ на „Курир“ го изјави Васко Наумовски, универзитетски професор и поранешен вицепремиер за евроинтеграции.

Мицкоски: Достигнат е БДП од 20 милијарди долари, целта е 22 милијарди! – Опозицијата би се радувала РМ да потоне во нивното политичко мочуриште!

Податоците на Државниот завод за статистика за конечните бројки за 2024 за растот на бруто домашниот производ и ревидираните бројки за 2025 се во нагорна линија од 3,8 отсто, со што Владата ја постгна поставената цел до крајот на мандатот номиналниот бруто домашен производ да биде 20 милијарди долари, сега цели кон 22 милијарди долари, информира денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Средба Муцунски-Клеин: Непрестаен развој на односите и одличната соработка меѓу Македонија и Унгарија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија Тимчо Муцунски денеска оствари средба со новоназначениот специјален пратеник на Министерството за надворешни работи на Унгарија за Западниот Балкан, амбасадорот Андраш Клеин.

Најнови вести

To top