Македонија Бизнис

Ребалансот на Буџетот на пленарна седница

Дополнетиот предлог за изменување и дополнување на Буџетот за 2025 година е на дневен ред на денешната пленарна 62. седница на Собранието. Расправата по дополнетиот ребаланс може да трае пет дена. Во документот се вградени и амандманите кои беа усвоени во текот на расправата на матичната Комисијата за финансирање и буџет, а со кои се […]

Дополнетиот предлог за изменување и дополнување на Буџетот за 2025 година е на дневен ред на денешната пленарна 62. седница на Собранието. Расправата по дополнетиот ребаланс може да трае пет дена.

Во документот се вградени и амандманите кои беа усвоени во текот на расправата на матичната Комисијата за финансирање и буџет, а со кои се обезбедуваат дополнителни средства во Министерството за транспорт, Министерството за социјална политика, демографија и млади и Министерството за образование и наука. Станува збор за дополнителни 6 милиони денари за проектна документација за нова сообраќајница во општина Куманово во буџетот на Министерството за транспорт, дополнителни 50 милиони денари за исплата на социјални надоместоци во буџетот на Министерството за социјална политика, демографија и млади, како и 5 милиони денари за Универзитетот „Гоце Делчев“ во буџетот на Министерството за образование и наука.

Најнови вести од: Македонија Бизнис

Санкциониран возач на автобус, кој со неисправни сопирачки возел двојно повеќе деца од дозволеното

Министерството за внатрешни работи објави попладнево дека неговата мобилна единица санкционирала правен субјект, одговорно лице и возач на автобус со кој се врши јавен превоз на патници и во кој се утврдени неисправни сопирачки

(Видео): Потпишан меморандум за соработка меѓу ИНОВА и државните универзитети

Поддршка за иновациите, студентите, старт ап бизнисите, зголемување на конкурентноста на македонските компании. Ова треба да го овозможи соработка меѓу агенцијата ИНОВА и државните универзитети. Целта е поквалитетно високо образование и научна истражувачката дејност и подготовка на кадар кој ќе одговори на современите предизвици.

To top