Македонија

„Рејтингот ни е мал” ли му пресуди на Даскаловски? Оставка од првиот човек на СДСМ во Струмица

Му заврши политичката кариера?

Почитувани сограѓани, сопартијци и пријатели. Сакам да ве информирам дека донесов одлука и поднесов оставка до претседателот на СДСМ, Венко Филипче да се повлечам од функцијата претседател на Општинската организација на СДСМ Струмица, порача Марјан Даскаловски во соопштение до јавноста.

Оваа одлука ја носам со мирна совест и чисто срце, водена пред сè од лични причини. Изминатиот период беше исполнет со многу работа, заеднички победи, но и предизвици со кои се соочувавме секогаш со крената глава и со мисла за доброто на Струмица, пишува во соопштение до јавноста Даскаловски.

ВМРО-ДПМНЕ води три спрема еден пред СДСМ и ДУИ!

„Сакам да упатам огромна и искрена благодарност до сите членови, симпатизери, активисти и до моите најблиски соработници за огромната поддршка, довербата и енергијата што ја вложивме заедно.

Чест ми беше да ја предводам оваа организација и да работам со луѓе кои искрено го сакаат својот град.

На идниот претседател и на новото раководство им посакувам многу успех, мудрост и нова енергија во водењето на партијата на локално ниво.

Јас останувам тука, како пријател и поддржувач, секогаш подготвен да помогнам со своето искуство и знаење секаде каде што е потребно” напиша Марјан Даскаловски – поранешен кандидат од СДСМ за Струмица.

Видео: Функционери од СДСМ признаваат дека рејтингот е мал, но се спремни за избори – Expres

Случајно или пак не, ова следи еден ден откако Даскаловски за ТВ Алфа призна дека рејтингот на СДСМ е мал. Видеото може да ги погледнете на следниот линк.

Даскаловски важеше за човек близок до екс претседателот на партијата Зоран Заев.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Достигнат е БДП од 20 милијарди долари, целта е 22 милијарди! – Опозицијата би се радувала РМ да потоне во нивното политичко мочуриште!

Податоците на Државниот завод за статистика за конечните бројки за 2024 за растот на бруто домашниот производ и ревидираните бројки за 2025 се во нагорна линија од 3,8 отсто, со што Владата ја постгна поставената цел до крајот на мандатот номиналниот бруто домашен производ да биде 20 милијарди долари, сега цели кон 22 милијарди долари, информира денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Средба Муцунски-Клеин: Непрестаен развој на односите и одличната соработка меѓу Македонија и Унгарија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија Тимчо Муцунски денеска оствари средба со новоназначениот специјален пратеник на Министерството за надворешни работи на Унгарија за Западниот Балкан, амбасадорот Андраш Клеин.

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани 

Во периодот од декември 2025 година до април 2026 година, преку мобилна апликација и со ветување за наводни добивки навеле голем број граѓани од целата држава да вложуваат финансиски средства на лажна интернет платформа

To top