Македонија

Видео: Функционери од СДСМ признаваат дека рејтингот е мал, но се спремни за избори

Интересни изјави на важни луѓе од СДСМ кои можеби нема да им се допаднат на раководството

„Уставни измени“ и Бугари во Уставот се клучните зборови кои недостасуваа во говорот на партискиот лидер Венко Филипче, но единствениот услов бил тој кој морало да се спроведе за евроинтеграцијата на Македонија. На Конгресот кој денеска го оддржува партијата, претседателот во обраќањето отворено за јавноста порача да ја „растурат маглата“.

Но интересен е ставот на неколку функционери кои ги анкетирала ТВ Алфа, за тоа што мислат дали имаат шанси за победа на следните избори, но и дали се согласуваат дека партијата има лош рејтинг. Во видеото може да слушнето што одговараат пораншниот претседател и премиер Димитар Ковачевски, Фатмир Битиќи, Љубомир Фрчковски, поранешниот директор на затворот Шутка, Филип Андов Сокол, како и Марјан Даскаловски кој беше кандидат за градоначалник на Струмица на последните локални избори.

 

Повеќе од говорот на Филипче може да прочитате на следниот линк:

Филипче: Немаме друга алтернатива освен да се поддржуваме меѓусебно и да работиме заедно

Најнови вести од: Македонија

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани 

Во периодот од декември 2025 година до април 2026 година, преку мобилна апликација и со ветување за наводни добивки навеле голем број граѓани од целата држава да вложуваат финансиски средства на лажна интернет платформа

To top