Македонија

Рекорден септември на uslugi.gov.mk: 27.345 барања за еден месец, вкупната бројка надмина 400.000

Со овој резултат, вкупниот број на барања поднесени преку Националниот портал надмина 400.000 и достигна 405.881 барање.

Националниот портал за електронски услуги uslugi.gov.mk во септември забележа рекордна употреба – во текот на месецот граѓаните и компаниите поднеле 27.345 барања за електронски услуги, што го прави септември убедливо најуспешен месец досега, надвор од услугата за ИКТ ваучерите со која беа услужени над 50 илјади студенти. Со овој резултат, вкупниот број на барања поднесени преку Националниот портал надмина 400.000 и достигна 405.881 барање.

Континуираниот раст на користењето на порталот е резултат на проширувањето на бројот на достапни електронски услуги, поедноставувањето на постапките и сè поголемата соработка со институциите кои своите услуги ги прават целосно достапни онлајн. Особено се издвојува одличната соработка со Државниот завод за статистика, со кој во изминатиот период беа дигитализирани и ставени на располагање повеќе услуги, вклучително и услуги наменети за студентите и академската заедница.

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски истакна дека бројките покажуваат дека граѓаните сè повеќе ја препознаваат вредноста на електронските услуги.

  • „27.345 барања за само еден месец е најдобриот резултат од постоењето на порталот. Уште поважно е што вкупно ја надминавме бројката од 400.000 барања. Ова покажува дека кога услугата е едноставна, достапна и целосно електронска, граѓаните ја користат. Нашата цел е сè повеќе постапки да можат да се завршат од дома или од мобилен телефон, без шалтери, без непотребно чекање и без носење документи од една институција во друга“, истакна Андоновски.

Министерството за дигитална трансформација продолжува со институциите да работи на дигитализација на нови услуги, нивно поврзување преку Платформата за интероперабилност и поедноставување на корисничкото искуство на Националниот портал.

Фокусот останува на услуги кои граѓаните и компаниите најчесто ги користат и кај кои дигитализацијата може да донесе најголема заштеда на време и административни трошоци. Рекордниот септември е уште една потврда дека електронските услуги постепено стануваат стандарден начин на комуникација меѓу граѓаните и институциите.

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top