Тема: министер Стефан Андоновски

Андоновски: Инвестирањето во технолошките паркови е инвестиција во идеи, талент и иднина

N99 Deep Tech Park е замислен како современ центар за поттикнување на нова технолошка револуција, со фокус на вештачка интелигенција, deep tech, роботика, сајбер безбедност и практична примена на иновациите

Македонија меѓу првите во регионот ќе добие пристап до „роаминг како дома“ во ЕУ

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски очекува Македонија да биде меѓу првите држави на која ќе и биде овозможен роаминг без дополнителни трошоци во ЕУ. Добри вести очекува на Самитот ЕУ-Западен Балкан којшто ќе се одржи на почетокот на јуни во Подгорица. Смета дека ќе биде меѓу првите држави со кои Европската Унија ќе потпише договор за т.н. роаминг како дома.

Андоновски: До крајот на годината очекувам 20 до 30 нови електронски услуги

Дваесет до триесет нови електронски услуги очекува министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски до крајот на годината. Говорејќи за зголемувањето на бројот на електронски услуги, како и за дигитализацијата генерално во интервју за ТВ Алфа Андоновски вечерва истакна дека постои можност и за надминување на оваа бројка и напомена дека дел од тие услуги ќе се однесуваат на работи поврзани со ФЗОМ.

To top