Македонија

Родителите ќе платат околу 10% помалку за училишната кошничка

Во периодот од 15 август до 15 септември, а со цел спречување на растот на цените на училиштниот прибор пред почетокот на учебната 2025/2026 година и заштита на животниот стандард на граѓаните, како дел од кампањата „Помалку трошоци, повеќе за тебе, се грижиме“, Владата донесе одлука и ги задолжи трговците да ги намалат цените на […]

Во периодот од 15 август до 15 септември, а со цел спречување на растот на цените на училиштниот прибор пред почетокот на учебната 2025/2026 година и заштита на животниот стандард на граѓаните, како дел од кампањата „Помалку трошоци, повеќе за тебе, се грижиме“, Владата донесе одлука и ги задолжи трговците да ги намалат цените на училишниот прибор од најмалку 10 отсто во трговија на големо и најмалку 15 проценти во трговија на мало.

Како што соопшти владината прес-служба, со оваа одлука, трговците на мало и големо кои продаваат училишен прибор, односно ранци и ташни, тетратки, блокови, колажи, моливи и пенкала (економични, пластични), дрвени и мрсни боици, пластелин, теста за моделирање, подлоги, фломастери и текст маркери, темперни, акрилни, водени бои и четки, линијари и дидактички материјали, острилки и гуми за бришење, детски ножици, футроли, лепило, шестар, дигитрони, украсна хартија, папки и картонски ташни и материјали за изработка се задолжуваат своите производи да ги продаваат по ограничена, т.е. намалена цена, односно најмалку 10 отсто во трговијата на големо и најмалку 15 проценти во трговијата на мало.

-Одлуката се однесува на период од 15 август 2025 година до 15 септември 2025 година, а трговците се должни покрај новата намалена цена на производите да ја објават и старата цена која важела на 1.6.2025 година, која цена се зема како базична цена на која се утврдува намалувањето – се наведува во соопштението.

Исто така, од Владата додаваат дека пред влезот во продажниот објект или на друго истакнато место во продавницата, треба да биде јасно и видливо истакнат плакат со формат од најмалку А3, кој ќе содржи натпис „Помалку трошоци, повеќе за тебе“, кој е објавен на веб страницата на Министерството за економија и труд, како и натпис: ПОПУСТ НА УЧИЛИШЕН ПРИБОР, од најмалку 15 отсто, стои во владиното соопштение.

Најнови вести од: Македонија

Велигденска убавина во Бутел: Воскресението не е приказна, туку сила што не потсетува да не се откажеме дури и кога е најтешко (ВИДЕО)

Овој убав пример од Бутел покажува дека вистинската убавина на Велигден не доаѓа од црквата, туку од срцата на младите кои со љубов го слават најсветлиот христијански празник.

Обид за опожарување на објектот на Еврејската заедница и синагогата во Скопје

Остро и недвосмислено го осудуваме овој чин. Истовремено, повикуваме на јасна, гласна и обединета осуда од сите верски лидери, институции и граѓани. Само преку заедничка одговорност и будност можеме да обезбедиме ваквите појави никогаш повеќе да не се повторат

To top