Македонија

Рокас прогласи „Ден Д“ за Македонија

Измените на Изборниот законик ќе може да се постигнат затоа што се работи за 4,2 милиони евра коишто би биле искористени за бенефит на граѓаните на оваа земја

Евроамбасадорот Михалис Рокас се надева оти денеска ќе се постигне консензус меѓу политичките партии за измените на Изборниот законик што е обврска од Реформската агенда.

„Јјс навистина се надевам дека денеска затоа што е последниот ден за постигнување консензус помеѓу политичките партии компромисот ќе се постигне имајќи предвид дека политичките партии се среќаваат на дневна основа. Така што навистина се надевам дека и овој чекор од Реформската агенда – измените на Изборниот законик ќе може да се постигне затоа што се работи за 4,2 милиони евра коишто би биле искористени за бенефит на граѓаните на оваа земја. Навистина се надевам дека консензусот ќе може да се постигне“, изјави Рокас, на новинарско прашање по промоција на возила за Државниот транспортен инспекторат набавени со донација од ЕУ.

Прашан која е пораката за Македонија од ЕУ во услови кога денеска четири држави – кандидати отвораат и затвораат поглавја рече дека се надева оти државава многу бргу ќе може да ги започне преговорите за пристапување.

„Пораката е јасна, процесот на проширувањето е инвестиција во безбедноста, сигурноста, просперитетот и конкурентноста на Европската Унија. И како што гледате, тој процес се одвива многу бргу, имаме „нагазено на гас“, за четирите земји процесот на проширување оди многу бргу. Искрено се надеваме дека  Македонија наскоро ќе може да го следи тој пат со цел да ги отвори пристапните преговори со ЕУ. Се надевам дека Македонија ќе може да го зграпчи тој моментум за да може да ги почне пристапните преговори, рече Рокас.

Тој дополни, дека се надева оти работите ќе можат да се придвижат напред. – Веќе многу работа се прави зад радарот, зад погледите на јавноста, што не се гледа се со цел да може да се завршат работите. Се надевам дека наскоро ќе се најде решение кое ќе го отвори патот за започнување преговори со ЕУ, рече Рокас.

Најнови вести од: Македонија

„Плус инфо“: Падна наместениот политички случај против ВМРО ДПМНЕ – Груевски доби ослободителни пресуди за „Талир 1“ и „Талир 2“

Поранешниот премиер Никола Груевски доби ослободителни пресуди во предметите „Талир 1“ и „Талир 2“, со што по речиси една деценија се затвораат едни од најекспонираните случаи поврзани со финансирањето на ВМРО-ДПМНЕ. Претходно падна и предметот „Талир 1“, во кој Груевски беше обвинет за незаконско финансирање на партијата. И во тој случај Основниот кривичен суд донесе ослободителна пресуда. Ова го објави информативниот портал „Плус инфо“.

Мицкоски: Пратеникот Филипче никаде го нема во Собранието во расправи за прашања, суштински за државата, а го има секаде, за да ја блокира на патот кон ЕУ!

„Венко Филипче го нема никаде кога треба да се дискутира и разговара за разни прашања кои ги засегаат граѓаните и државата. Тој како пратеник, кој зема плата од даноците, што ги плаќаат македонските граѓани, не зел збор за ниту една суштинска расправа во Собранието, не учествувал безмалку на сите седници наменети за пратенички прашања.“ – нагласува премиерот и лидер на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Хајредини не гледа причина да му се извини на Костовски

Костовски јавно реагираше на изјавата на Хајредини, кој, коментирајќи ја реченица на Костовски „Ми крадете од животот што не сте ми го дале“, изјави: „Како што ти им крадеше од животот на штедачите на твојата банка“

To top