Македонија

Само 32 од предвидени 238 ученици во прва година се пријавиле во гимназијата во Дебар

Поголем одѕив се очекува во вториот уписен рок предвиден за 23-ти јуни

Во единственото средно училиште во Дебар, гимназијата  „28 Ноември“ во првото пријавување, од првиот уписен рок, во прва година, за учебната 2026/2027 година, пополнети се само 32  од предвидените 238  ученички места.

„Во нашата образовна институција за упис беа пријавени 44 завршени одновци, од нив 12 на македонски и 32 за настава на албански наставен јазик.

Од нив запишани се 32 ученика, или гледано одделно 7 за настава на македонски и 25 на албански наставен јазик.

Поголем одѕив очекуваме во второто пријавување, кое ќе биде на 23. овој месец, изјави за МИА, Бора Коруми, професорка и одговорна за упис во гимназијата.

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top