Македонија

Само вчера изречени 956 собраќајни казни

Повеќе од половина, или 725 казни, се изречени за пречекорување на дозволената брзина

Министерството за внатрешни работи на Македонија објавува дека вчера во сообраќајни контроли на патиштата низ целата земја, се изречени вкупно 956 казни.

Од нив, повеќе од половина, или 725 казни, се изречени за пречекорување на дозволената брзина.

„Според статистичкиот преглед на полициските активности, вчера се регистрирани 26 прекршоци за непрописно паркирање, изречени се 66 мерки за возачи кои управувале без возачка дозвола, како и 25 санкции за возење под дејство на алкохол.

Во истиот период, 17 возачи на мотоцикли се санкционирани за неносење заштитен шлем, а четворица пешаци и двајца возачи на електрични тротинети се санкционирани.“

„Исто така, 23 учесници во сообраќајот се санкционирани за неносење сигурносен појас. Согласно Законот за возила, седум возила се отстранети од сообраќај поради нерегистрација, а три поради технички дефекти“, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Најнови вести од: Македонија

Велигденска порака на Скопскиот бискуп и Струмичко–скопски епарх Киро Стојанов (ВИДЕО)

Среде вознемиреностa во светот да се молитме за мир и напори да се запре татнежот на бомбите, да се замолчи оружјето и да се даде можност на дијалогот во кој можат да се слушнат гласовите на народите

Николоски: ДУИ не изгради ниту еден километар автопат

Вицепремиерот и министер за транспорт изјави дека Владата инвестира меѓу 1,6 и 1,8 милијарди евра во изградба на автопати од Коридорот 8, обвинувајќи ја Демократската унија за интеграција дека во своите мандати не изградила ниту еден километар автопат

To top