Македонија

Самоуништувачката војна на СДСМ со ,,Суперхероите” кои нема што да загубат

Расправајќи се со луѓе кои реално не се дел од власта, СДСМ го трасира патот кон своето самоуништување

 

 

Уредникот на Радио Лидер Љупчо Златев анализира како во изминатиот период сè уште најголемата опозициска партија СДСМ преку соопштенија и прес конференции се расправаше со новинарот Бранко Героски.

Потоа, забележува Златев СДСМ влегоа во сериозна кампања против докторот Жан Митрев, а еве од денеска и против новинерот Драган Милосављевиќ.

 

,,Станува збор за тројца целосно различни карактери, луѓе со различни интереси, афинитети и ставови. Всушност, единствено заедничко за тројцата е што нив на избори, реално никој не ги гласа. Не ни верувам дека имаат намера некој да ги гласа, живеат пристојно од своите професии. За разлика од СДСМ, никој од нив тројца не учествува на избори.

 

Оваа нивна особина, во војната со СДСМ ги прави суперхерои кои на СДСМ може да и нанесат штета, додека од друга страна СДСМ ним не може да им нанесе никаква штета. Едноставно играат друг натпревар”, пишува новинарот.

 

Според него основата на политичкото делување на опозициите на планетата земја е да ни ги претстават сите погрешни политики на власта и са ни понудат подобри.

 

,,Расправајќи се со луѓе кои реално не се дел од власта, СДСМ го трасира патот кон своето самоуништување.

Во култниот политичко-сатиричен филм “Мавтај го кучето” (1997), провејува една поента која гласи:

“Зошто кучето ја мавта опашката а не опашката кучето? Затоа што кучето е попаметно од опашката. Ако опашката беше попаметна, таа ќе го мавташе кучето.”.

Во битката со непријател кој нема што да изгуби, непријателот е кучето, а вие сте опашката…”, вели Златев во анализата.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ставен под контрола пожарот кај селото Грачани, „ер-трактори“ им помагаат на скопските пожарникари

Пожарникарите велат дека ќе успеат да го изгаснат пожарот, притоа изразувајќи благодарност за вклучувањето на двата „ер-трактори“ кои помогнале во запирањето на стихијата на местата кои биле непристапни за екипите кои дејствуваат од земја. Како најтежок од денешните пожари, Ангелов го оцени оној што беснее помеѓу Општина Струга и Општина Кичево.

Изложбен простор „Samsung CONNECT“ се отвара на IFA 2026, носејќи ја иднината на живеењето со помош на вештачка интелигенција

Низ телевизори, дисплеи, мобилни уреди и домашни апарати, „Samsung“ демонстрира како вештачката интелигенција може да донесе практични придобивки и да го направи секојдневниот живот полесен и поинтуитивен.

To top