Македонија

Самсунг ќе воспостави производна линија за HVAC системи во Јужна Кореја

Инвестирајќи приближно 240 милијарди корејски вони (158 милиони американски долари), компанијата ќе отвори нова производна линија за HVAC системи во Гвангжу, Јужна Кореја, до 2028 година
Производната линија ќе се фокусира на HVAC системите на “FläktGroup“, вклучително и решенија за ладење на дата-центри за вештачка интелигенција

default

Компанијата Самсунг („Samsung“) денес објави дека ќе воспостави производна линија за HVAC системи за греење, вентилација и климатизација на “FläktGroup“ во Јужна Кореја, со цел да одговори на брзо-растечкиот пазар за решенија за греење, вентилација и климатизација, вклучително и преку производство на напредни решенија за ладење на дата-центри за вештачка интелигенција.

Компанијата планира да инвестира приближно 240 милијарди корејски вони (158 милиони американски долари) за изградба на производна линија за HVAC системи со површина од 21.500 m² во производствениот комплекс на компанијата во Гвангжу, Јужна Кореја. Новата производна линија се очекува да започне со работа по завршувањето на изградбата во 2028 година. Во неа ќе се произведуваат HVAC производи на “FläktGroup“, која компанијата “Samsung“ ја презеде минатата година.

„Аквизицијата на “FläktGroup“ од страна на “Samsung“минатата година нè става во уникатна позиција да го прошириме бизнисот со решенија за греење, вентилација и климатизација и да го трансформираме во нов двигател на раст, со цел да станеме глобална компанија од највисока класа до 2030 година.“, изјави Чолги Ким (Cheolgi Kim), Извршен потпретседател и раководител на бизнисот за дигитални уреди (DA) во “Samsung Electronics“. „Оваа инвестиција во новата производна линија во Јужна Кореја ќе претставува цврста основа за остварување на оваа цел.“

“FläktGroup“ неодамна инвестираше во проширување на своите производствени капацитети, кои наскоро ќе започнат со работа, преку “Project GAGAN“, нов производствен капацитет во Пуне, Махараштра, Индија. Со глобална мрежа од 14 производствени капацитети, компанијата активно ги снабдува клучните пазари, вклучувајќи ги САД, Европа и Индија.

Заедно со “FläktGroup“, “Samsung“ ќе го искористи воспоставувањето на производната линија во Гвангжу, која ќе биде негов 15-ти производствен капацитет во светот, како стратешка основа за целосно проширување на присуството на корејскиот пазар.

“Samsung“ планира да снабдува HVAC објекти и инфраструктура во различни индустриски сектори во Јужна Кореја, со особен фокус на зголемената побарувачка за дата-центри за вештачка интелигенција. За таа цел, компанијата ќе произведува напредни HVAC производи, вклучително и напредни решенија за ладење на дата-центрите за вештачка интелигенција.

Дејвид Дорни (David Dorney), Извршен директор на “FläktGroup“, изјави: „Со комбинирање на експертизата на “Samsung“во областа на вештачката интелигенција, со можностите на “FläktGroup“ во производството на HVAC системи, ќе бидеме во позиција да станеме претпочитан HVAC партнер во Јужна Кореја и низ Азија.“

 

За “Samsung Electronics Co., Ltd.“

“Samsung“ го инспирира светот и ја обликува иднината со трансформативни идеи и технологии. Компанијата го редефинира светот на телевизорите, паметните телефони, уредите за носење, таблетите, дигиталните уреди, мрежните системи и меморија, LSI системите и LED решенијата.

“Samsung“ исто така ги унапредува технологиите за медицинско снимање, HVAC решенијата и роботиката, додека создава иновативни автомобилски и аудио производи преку “Harman“. Со својот екосистем SmartThings, отворената соработка со партнерите и интеграцијата на вештачката интелигенција низ целото свое портфолио, “Samsung“ нуди беспрекорно и интелигентно поврзано искуство. За најновите вести, ве молиме посетете ја страницата “Samsung“ Новости: https://www.samsung.com/mk/news/.

 

 

 

Најнови вести од: Македонија

To top