Македонија

Samsung продолжува да бележи рекордна продажба на серијата Galaxy Z8 во Европа, при што продажбата на Galaxy Z Fold8 и Fold8 Ultra е зголемена за речиси 50% на годишно ниво

Сообраќајот од пребарувања за уредите на Samsung со преклопен екран во Европа се зголеми за над 260%, при што во септември достигна скок од 460%

Компанијата Самсунг („Samsung“) денес објави дека е забележан значителен пораст во продажбата на новата серија телефони на преклопување Galaxy Z8 во Европа, поттикнат од исклучителната побарувачка за моделите Galaxy Z Fold8 и Galaxy Z Fold8 Ultra.

Во текот на деветте недели по нивното лансирање на 7 август 2026 година, Galaxy Z Fold8 и Galaxy Z Fold8 Ultra заедно остварија пораст на продажбата од 45% низ Европа, во споредба со продажбата на Galaxy Z Fold7 пред една година[1].

Овој неверојатен успех го потврдува растечкиот интерес на потрошувачите за уредите на преклопување, вклучувајќи го и новиот Galaxy Z Fold8. Galaxy Z Fold8 нуди дизајн кој овозможува лесен премин од брзи интеракции на надворешниот екран кон подетално прегледување содржини, читање и играње игри на главниот екран. Овој нов дизајн наиде на одличен прием кај потрошувачите ширум Европа.

Зголемениот интерес е видлив и преку трендовите на пребарување, кои покажуваат значителен пораст на пребарувањата на Google за уредите на „Samsung“ на преклопување. На главните европски пазари, во текот на септември[2] е забележан пораст на пребарувањата од над 260%, при што најголемиот скок – од 460%[3] – е регистриран во периодот од 6 до 12 септември.

Новата серија Galaxy Z8, вклучувајќи ги Galaxy Z Fold8, Galaxy Z Fold8 Ultra и Galaxy Z Flip8, им нуди на корисниците моќни функции на следната генерација на Galaxy AI дизајнирани да ја трансформираат продуктивноста, креативноста и комуникацијата на флексибилни екрани:

  • Now Brief[4]: им помага на корисниците да останат информирани со персонализирани сознанија прилагодени на нивните рутини, интереси и дневни потреби преку проширени сценарија, прилагодливи картички за брифинг и персонализирани препораки. Сега, исто така, ги прикажува сознанијата за безбедноста и приватноста, помагајќи им на корисниците да останат во тек со потенцијалните ризици и заштитните мерки.
  • Now Nudge[5]: ги претвора сознанијата во акција. Кога плановите почнуваат да се обликуваат во разговор, AI може да ги прикаже релевантните следни чекори како што се проверка на распоред, наоѓање место или зачувување на локација. На преклопните уреди, корисниците можат да го продолжат разговорот еден до друг на поголеми екрани.
  • Gemini Intelligence им помага на корисниците да се движат од барање до резултат со помалку чекори. Корисниците можат едноставно да опишат што им треба или дури да додадат контекст на екранот или сликата. Автоматизацијата на апликациите сега може да работи на повеќе од 40 поддржани апликации и услуги, со можности кои се движат од пребарување билети до наоѓање ресторан во близина и правење резервација. Со Gemini Notebook, корисниците можат да спојат белешки, слики, снимки, датотеки и документи во еден постојан работен простор за да собираат, организираат и развиваат свои идеи. Поддршката за влечење и пуштање во Split view го прави работниот тек уште поинтуитивен, дозволувајќи им на корисниците лесно да додаваат повеќе датотеки и слики и да ја претворат својата содржина во аудио прегледи, инфографици, извештаи, резимеа од состаноци, визуелни резимеа, документи и друго.

За повеќе информации за серијата Galaxy Z8, посетете ја https://www.samsung.com/mk/ .

За “Samsung Electronics Co., Ltd.“

“Samsung“ го инспирира светот и ја обликува иднината со трансформативни идеи и технологии. Компанијата го редефинира светот на телевизорите, паметните телефони, уредите за носење, таблетите, дигиталните уреди, мрежните системи и меморија, LSI системите и LED решенијата.

“Samsung“ исто така ги унапредува технологиите за медицинско снимање, HVAC решенијата и роботиката, додека создава иновативни автомобилски и аудио производи преку “Harman“. Со својот екосистем SmartThings, отворената соработка со партнерите и интеграцијата на вештачката интелигенција низ целото свое портфолио, “Samsung“ нуди беспрекорно и интелигентно поврзано искуство. За најновите вести, ве молиме посетете ја страницата “Samsung“ Новости: https://www.samsung.com/mk/news/.

За Art Basel

Основан во 1970 година од страна на галериски сопственици од Базел, Art Basel денес организира водечки светски саеми за модерна и современа уметност, кои се одржуваат во Базел, Мајами Бич, Хонгконг, Париз и Катар. Секој саем е уникатен, обликуван од градот и регионот во кои се одржува – што се одразува преку галериите што учествуваат, изложените уметнички дела, како и содржината на придружните програми, кои за секое издание се креираат во соработка со локалните институции. Дејноста на Art Basel се прошири надвор од рамките на саемите за уметност преку нови дигитални платформи, како што е апликацијата Art Basel, како и преку иницијативи како што се глобалниот извештај за пазарот на уметност (Art Basel and UBS Global Art Market Report), продавницата Art Basel Shop и наградите Art Basel Awards. За повеќе информации, посетете ја страницата https://www.artbasel.com/

[1] Споредба со продажбата на Galaxy Fold7 во соодветните недели во 2025 година.

[2] Пребарувања за уредите на Samsung со екрани на преклопување во текот на септември 2026 година во Германија, Обединетото Кралство, Франција, Шпанија, Португалија, Италија, Шведска, Данска, Финска, Норвешка, Холандија, Белгија, Австрија, Швајцарија, Полска, Унгарија, Чешка, Латвија, Естонија, Литванија, Романија, Бугарија, Хрватска, Србија, Словенија, Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Грција и Украина. Зголемување во септември 2026 година во споредба со август 2026 година.

[3] Пребарувања за уредите на Samsung со екрани на преклопување во текот на септември 2026 година во: Германија, Обединетото Кралство, Франција, Шпанија, Португалија, Италија, Шведска, Данска, Финска, Норвешка, Холандија, Белгија, Австрија, Швајцарија, Полска, Унгарија, Чешка, Латвија, Естонија, Литванија, Романија, Бугарија, Хрватска, Србија, Словенија, Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Грција и Украина. Зголемување во периодот од 6 до 12 септември 2026 година во споредба со периодот од 30 август до 5 септември 2026 година.

[4]Потребни се најава на Samsung сметка и мрежна врска.

[5] Потребна е најава со Samsung сметка. Важи само за поддржани апликации. Точноста на резултатите не е загарантирана.

 

Најнови вести од: Македонија

(Фото): „Комшилук“ освои европска награда – Маалската „Травијата“ од Железара доби признание во Брисел

Приказната за Виолета и Алфредо, која летово се раскажуваше меѓу балконите на скопска Железара, стигна и до Брисел. Културната иницијатива „Комшилук“ ја освои наградата „Нов европски Баухаус“ (New European Bauhaus Prizes 2026), што ја доделува Европската комисија, за проектот „Травијата во три чина“.

Димитриеска-Кочоска: Со вториот ребаланс ги усогласуваме проекциите со реалните економски движења

Вкупните приходи во вториот ребаланс се планирани на 374,2 милијарди денари, а дефицитот останува на ниво од 46,3 милијарди денари или 4,1 отсто од БДП. Проекциите за економскиот раст и за инфлацијата се задржуваат на 3,5 проценти, додека најголемиот дел од корекцијата се однесува на акцизите, кои се ревидираат од 34,1 на 30,4 милијарди денари.

(Фото): Неколку илјади посетители на прославата на третиот роденден на „Diamond Mall“ со Петар Грашо и Јелена Розга

Diamond Mall го одбележа својот трет роденден со голема прослава за посетителите, истовремено продолжувајќи ја својата определба да создава долгорочна вредност за заедницата.

Инстант лоз „Титаниум“ на Државна лотарија

Со лозот „Титаниум“, Државна лотарија продолжува да ја збогатува понудата на инстант игри што носат возбуда и надеж. Лоз што носи уникатна можност за освојување автомобили и парични добивки, создаден за сите љубители на возбуда и адреналин.

Татарчев: Македонија не е само територија, или политичка цел, туку и должност и вечна идеја на македонскиот народ!

„За Татарчев, Македонија не е само територија или политичка цел. Таа е духовна категорија. Таа е светилиште на колективната меморија, поврзана со јазикот, родот, верата и моштите на предците. Со оваа формулација тој ја издигнува Македонија над дневната политика и ја поставува во сферата на историската и националната светост.“ – се нагласува во статијата со наслов „Македонија како култ, должност и вечна идеја“, која е објавена во весникот „Нова Македонија“.

Црни прогнози на ОН за Македонија: ќе има само 868 илјади жители до 2100, за 960 илјади помалку одошто во 2024!

Обединетите нации прогнозираат драматичен пад на бројноста на населението во земјите на поранешна Југославија – од 18,3 милиони изброени во во 2024 година, до само околу 10 милиони до 2100 година.

To top