Бизнис

Фондот за иновации повторно работел без програма, си терал по старо – Владата рече „стоп“

Со донесувањето на Законот за иновациската дејност, научно-технолошки развој и претприемништво на 29.07.2025 година се формира Агенција за иновации, научнотехнолошки развој и претприемништво, како правен наследник на Агенција за претприемништво и Фонд за иновации и технолошки развој, со што престанува да постои Фонд за иновации и технолошки развој.

Државната ревизија утврди сериозни пропусти во подготовката, усвојувањето и транспарентноста на програмската и финансиската документација на Фондот за иновации и технолошки развој, што директно влијаело врз законитоста и контролата на неговото работење во 2024 година, пренесе Фактор. Ревизорите констатирале дека Управниот одбор на ФИТР во февруари 2024 година усвоил Среднорочна програма за работа 2024–2026, но поради ненавремено усвојување и пролонгирање на одобрувањето од страна на Владата, програмата била повлечена во ноември 2024 година.

Наместо тоа, Владата усвоила Среднорочна програма за работа 2025–2027, што довело ФИТР во текот на целата 2024 година да работи без важечки среднорочен документ, што не е во согласност со Законот за иновациската дејност. Законот јасно предвидува дека ФИТР мора да има усвоена среднорочна програма со дефинирани приоритети, цели, мерки и активности.

Иако Управниот одбор усвоил Годишен извештај за работењето на ФИТР за 2024 година, во него се содржани само наративни податоци и финансиски информации по сметки. Во извештајот не се прикажани:  реализацијата на Годишната програма за работа за 2024 година,  распределбата на средствата по мерки и инструменти,  реализацијата и ефектите од мерките,  нереализираните обврски од претходни години.  

Ова е спротивно на Законот за извршување на буџетот, кој бара средствата да се користат наменски, рационално, економично и ефикасно. Поради тоа, Управниот одбор дал насоки да се изготви дополнителен финансиски извештај.

Дополнително извештајот не е усвоен од Владата, за што Годишниот извештај бил доставен и до Министерството за финансии и Министерството за економија и труд, од каде било укажано дека мора јасно да се прикажат финансиските импликации – планирано и реализирано по мерка и инструмент.  

Ревизорите оценуваат дека нецелосниот извештај сериозно ја нарушува транспарентноста, следењето и контролата на работењето на ФИТР, поради што не е усвоена годишна сметка за 2024 година. Поради тоа што не е изготвен финансиски извештај за реализацијата на Годишната програма за работа, Управниот одбор не ја усвоил Годишната сметка на ФИТР за 2024 година, па таа воопшто не била доставена до Владата на усвојување.  

Ревизијата утврдила дека ФИТР не доставува редовно ревизорски извештаи од надворешна ревизија до Управниот одбор и Владата, иако тоа е законска обврска. Последен ревизорски извештај усвоен од Владата се однесува на 2020 година, додека извештаите за 2021, 2022 и 2023 година воопшто не се доставени за усвојување. 

Дополнително, ревизијата нотира дека ФИТР не ги објавил:  Годишните извештаи за периодот 2021–2023,  Годишните сметки,  Ревизорските извештаи од надворешна ревизија. Ова е спротивно и на Статутот на ФИТР и на законите за сметководство и иновациска дејност, кои предвидуваат навремено јавно објавување на овие документи.

Ревизорскиот извештај укажува на сериозни слабости во управувањето, отчетноста и транспарентноста на ФИТР. Работењето без среднорочна програма, нецелосните извештаи и необјавените ревизорски документи отвораат сериозни прашања за контролата врз трошењето на јавните средства наменети за иновации. Со донесувањето на Законот за иновациската дејност, научно-технолошки развој и претприемништво на 29.07.2025 година се формира Агенција за иновации, научнотехнолошки развој и претприемништво, како правен наследник на Агенција за претприемништво и Фонд за иновации и технолошки развој, со што престанува да постои Фонд за иновации и технолошки развој.

Најнови вести од: Бизнис

(Фото): HELLENiQ ENERGY ја пушти во употреба првата батериска постројка за складирање струја во Солун

Еден од најголемите системи за складирање електрична енергија во батерии во Грција и Југоисточна Европа е пуштен во употреба од страна на HELLENiQ ENERGY во индустрискиот комплекс на Групацијата во Солун. Со инсталирана моќност од 100 MW и капацитет за складирање од 200 MWh, проектот, вреден околу 50 милиони евра, претставува значаен чекор во развојот на капацитетите за складирање енергија во регионот.

Многу македонски компании ќе учествуваат на најголемата саемска манифестација во светот – Експо 2027

EXPO 2027 одржи од 15 мај до 15 август, темата на големата светска изложба е „Игра за човештвото: Спорт и музика за сите“ и ќе обедини учесници од повеќе од 140 земји од светот

Гувернерот Славески со македонскиот тим од Меѓународната економска олимпијада

Народната банка, како дел соработката со Сојузот на математичари, четврта година по ред учествува во подготовките на македонските средношколци за учество на Меѓународната економска олимпијада, преку стручни и едукативни активности од областа на економијата, финансиите и банкарството.

„Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевтски настан CPHI

Продолжува традиционалното присуство на „Алкалоид“ на една од водечките глобални платформи во фармацевтската индустрија, со фокус на продлабочување на меѓународните партнерства, следење на најновите индустриски трендови и отворање нови можности за развој.

To top