Македонија

СДСМ предлага влезот на Бугарите во уставот да заврши до 10 Февруари 2026 година

Содржината на оваа резолуција целосно ги урива позициите на Македонија

Претседателот на СДСМ Венко Филипче ја претстави предлог резолуцијата за интеграција на Македонија во ЕУ со заштита на националните интереси.

Предлог-резолуција за дефинирање на заедничките државни и национални позиции за продолжување на процесот на зачленување на Република Македонија во Европската Унија содржи Временска рамка за спроведување на определбите на оваа Резолуција според која Македонија меѓу средината на Мај и средината на Февруари треба да ги внесе Бугарите во Уставот.

Содржината на оваа резолуција целосно ги урива позициите на Македонија затоа што однапред се прифаќа тоа што го бара Бугарија без да се инсистира на никаква отстапка или цврсти гаранции.

Временската рамка и чекорите на Македонија кои ги предлага СДСМ:

– Разгледување од страна на Владата на поднесените амандмани за внесување на бугарската и другите етнички заедници во Уставот коишто беа поднесени во 2023 година и изјаснување дали останува на истиот текст или подготвува и предлага нов текст на уставните амандмани- од 15 ноември до 25 ноември 2025 година.

– Доколку се предлага нов текст на амандманите, тој да биде усвоен од Владата и доставен до Собранието до 1 декември 2025 година.

– Собранието да ја започне постапката за измена на Уставот и да се достигне до фазата на прво гласање најдоцна до 15 декември 2025 година.

– Собранието да ја заврши постапката за измена на Уставот со финално гласање најдоцна до 10 февруари 2026 година.

– Истиот ден на финалното гласање и усвојување на Уставниот закон за спроведување на уставните амандмани Владата да испрати писмо до државите членки на ЕУ и до Европската комисија дека е исполнета нашата обврска за одблокирање на преговарачкиот процес и да ги достави потребните документи (Патокази) кои ги има подготвено како инструменти вообичаени за преговорите.

– Во истото писмо, Владата ќе ја повика Европската комисија, согласно Заклучоците на Советот на ЕУ донесени на 18 јули 2022 година, да организира Меѓувладина конференција помеѓу државите членки на ЕУ и Македонија на која ќе се донесат сите потребни одлуки за одблокирање на преговорите за членство и ќе биде отворен првиот кластер- Темелни вредности не подоцна од 15 февруари 2026 година.

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top