Македонија

СДСМ преку Еразмус+ ја финансирале сопругата на Апасиев

Купен ли е лидерот на Левица со европски пари, прашува Лефков

СДСМ преку Еразмус+ ја финансирале и сопругата на претседателот на Левица, Димитар Апасиев, значи пред камери се противници, а зад камери соработници, информираше денеска пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков.

– Додека јавно глуми противник на СДСМ Димитар Апасив немал проблем со тоа што неговата сопруга барала пари од европските фондови и од владата на Димитар Ковачевски преку Националната агенција за Еразмус+. Имено токму од Националната агенција за Еразмус+, кога со неа управуваше Марко Ѓорѓиевски од СДС;, сопругата на Апасиев – Тамара Јованов Апасиева, добива европски пари. Додека Апасиев пред камерите глуми противник на СДСМ, зад затворени врати неговиот семеен круг бил дел од системот кој го водела власта на СДСМ, добивал финансии и уживал привилегии – соопшти Лефков.

Како токму Тамара Јованов Апасиева, покрај илјадници млади, универзитетски кадри и активисти од цела Македонија е изберена да добие поддршка од СДСМ, праша пратеникот Лефков.

– Дали ова е класичен пример на политички договори меѓу СДСМ и Левица? Дали во јавноста играат улога на „жестоки противници3, а во позадина функционираат заедно, делат фондови и позиции? Дали оваа соработка СДСМ – Левица ќе ја гледаме и на овие избори – додаде тој.

Купен ли е Апасиев со парите од Еразмус + да одработува за СДСМ, праша пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести од: Македонија

Нови сомнежи и реакции околу „останките од она, што е можеби цар Самуил“, кои Грција ѝ го испорача на Бугарија!

Повеќе од илјада години од неговата смрт македонскиот цар Самуил е повторно во средиштето на светската јавност. По византиските хроничари, македонскиот средновековен владетел сега е цел на вниманието и на современите медиуми, откако на Бугарија ѝ се вратени некои останки, кои му се припишуваат нему, иако за тоа нема никаквви идентификациски и други сигурни докази.

Михаилов: Граѓаните да не купуваат дрва од дрвокрадците по пониски цени, оти тоа значи директна поддршка за нив!

Граѓаните да не купуваат дрва од дрвокрадците по пониски цени, овој повик го упати заменик директорот на ЈП „Национални шуми“, Кире Михаилов. Тој посочува дека ваквата набавка на дрва од страна на граѓаните значи и директна поддршка на дрвокрадците, кои ги пустошат македонските шуми.

Димитриевски: ЗНАМ поддржува средба и разговор со Бугарија, но без отстапки околу македонскиот идентитет и јазик

Македонија има европска определба, но и јасно поставени црвени линии кога станува збор за македонскиот идентитет, јазик и култура. Ставот што ЗНАМ го застапува е и став на Владата и државна позиција на Македонија, нагласи претседателот на Движењето ЗНАМ Максим Димитриевски на денешната средба со граѓани во Гостивар.

Клековски: Околу 1.000 нови случаи на рак на дојка годишно во Македонија, ќе се преиспитува скрининг-програмата

Околу 1.000 нови случаи на рак на дојка се регистрираат годишно во земјава, а во моментов околу 7.000 пациентки се лекуваат или се лекувале, изјави министерот за здравство Сашо Клековски на „Розовиот пикник појадок“ во Скопје во Паркот кај Школка, организиран од ХЕМА-ОНКО. Настанот го поддржа и претседателката на Македонија Гордана Сиљановска-Давкова, како и голем број жени кои присуствуваа, за да ги слушнат пораките за важноста на превенцијата, раното откривање и отворениот разговор за ракот на дојка.

To top