Македонија

СДСМ удри и по Андреј Петров

Според СДСМ, во емисијата „Во Центар“ Андреј Петров „сам се разоткрил“

СДСМ објави соопштение со напади врз својот поранешен истакнат функционер, пратеник и градоначалник Андреј Петров, кого го нарекува „еден од главните промотори на иницијативата за „реформи” во СДСМ – Платформа за иднина на Мицкоски – ЗНАМ 2.0“.

Според СДСМ, во емисијата „Во Центар“ Андреј Петров „сам се разоткрил“.

„Тој беше шеф на изборниот штаб во Првата изборна единица на последните парламентарни избори во 2024 година – единицата во која СДСМ постигна историски најлош резултат, освојувајќи само тројца пратеници. Сега, истиот тој човек излегува и вели дека СДСМ е во „финале на едно фијаско” и дека „ниедна добра програма не може да победи катастрофално владеење”.

Петров отворено вели дека два пати разговарал со Венко Филипче, но дека „не вреди да се преговара со него бидејќи не го исполнува она што ќе се договори” – што значи дека претседателот Филипче не сака да прави што му вели оваа група која работи за Мицкоски – пишува СДСМ во соопштение.

Според СДСМ, „особено е цинично“ кога Петров вели дека Игор Ивановски е решението за брза консолидација на партијата и дека анкетите во членството покажуваат дека тој би победил на регуларни внатрепартиски избори.

„Сега сакаат да го наметнат Игор Ивановски „Шема” преку притисок однадвор и со луѓе кои ја рушеа партијата во 2024, заедно со луѓе од ЗНАМ и некои членови на други партии, а не преку демократски процес во партијата“ – се вели во соопштението на СДСМ.

Според СДСМ, Андреј Петров не е никаков реформатор, туку е дел од проблемот кој сега сака да се претстави како решение.

„Оваа иницијатива не е обид за реформа. Тоа е обид на луѓе кои директно учествуваа во поразот да се ребрендираат како спасители, додека во исто време ја напаѓаат партијата однадвор во момент на нејзина консолидација“ – пишува во соопштението на СДСМ.

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова на Самитот на ЕПЗ во Даблин: Европа не треба да си дозволи да остане недоволно поврзана со Западен Балкан

„Секое одложување на поврзувањето е пропуштена можност. Секоја одложена инвестиција има економска последица. И секоја политичка цел има цена којашто не ја плаќаат институциите, туку граѓаните“

(Видео): Филипче лаже за Алта банка – немало забрана за работа во ЕУ за банката, тврди ВМРО-ДПМНЕ

Портпаролот на партијата, Валентин Манасиевски, на прес-конференција го обвини претседателот на СДСМ, Венко Филипче, дека шири невистини за банката и за нејзиниот сопственик Давор Мацура.

(Видео): СДСМ поднесе кривична пријава за Трајко Славески – бара да му се воведат мерки на претпазливост

СДСМ бара мерки на претпазливост за Трајко Славески и за останатите лица, вклучително привремена забрана за вршење должности на сите инволвирани, за, како што рече Димитријевиќ, да се спречи влијание врз сведоците и можно уништување на документацијата.

Стојаноски: СДСМ бега од вистината за Алта банка, бараме итно продолжување на надѕорната расправа

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски денеска изјави дека СДСМ одбива да свика продолжение на надѕорната расправа за Алта банка, по вчерашните случувања на седницата.

Порибено Преспанското Езеро со речиси 7 илјади млади крапови

Порибувањето е спроведено од страна на регистрираното мрестилиште „Акватика“ од Неготино за чија реализација се обезбедени 500.000 денари од страна на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство преку Програмата за финансиска поддршка во рибарството и аквакултурата за 2026 година.

„Н.М.“: Пукнатините во ЕУ се сè подлабоки! Каква доверба во неа да има Македонија, кога чека со години пред нејзините врати?!

Европа сè поретко е на главните маси на кои се носат важните геополитички одлуки, а сè почесто е во улога на набљудувач, коментатор или спореден учесник на настаните. Земјите- членки на ЕУ ја користат секоја можност пред донесувањето на заедничките одлуки да се осврнат на своите национални потреби како приоритетни, дури и кога станува збор за интереси на целата Унија. Во ЕУ се редат закани со блокади, финансиски условувања и национални калкулации. Каква доверба во таква Европа треба да имаат земјите кандидати, што со години чекаат пред нејзините врати? – ова се истакнува во анализата со наслов „Пукнатините во ЕУ сè повеќе се продлабочуваат! “, која е објавена во весникот „Нова Македонија“.

Савески: Јавното обвинителство ќе постапува по секоја кривична пријава поврзана со Алта банка!

„Ќе мора и надлежниот обвинител да ги провери наводите и да преземе соодветни истражни дејства.“ – истакнува државниот јавен обвинител Ненад Савески во интервјуто за емисијата „Клик Плус“ на ТВ21, кое ќе се емитува вечерва во 21:30 часот.

To top