Македонија

Се бара притвор за Стефан Богоев и останатите осомничени за злоупотреби во постапките за јавни набавки

Истрагата е во почетна фаза, а се очекуваат дополнителни информации од Обвинителството и Финансиската полиција.

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција отвори истрага против четири лица поради сомнежи за злоупотреби при јавна набавка за одржување на хигиената на граничните премини и царинските терминали.

Меѓу осомничените е и Стефан Богоев, поранешен директор на Царинската управа. Покрај него, под истрага се и поранешен помошник-директор на Управата, управител на фирма и вработен во истата компанија.

Според Обвинителството, во периодот од јули 2023 до март 2024 година, преку фаворизирање на одреден економски оператор и ограничување на конкуренцијата, на избраната фирма ѝ била овозможена противправна имотна корист од 18,4 милиони денари.

Обвинителството наведува дека првоосомничениот (Богоев) го искористил своето службено влијание, додека второосомничениот влијаел врз други компании да не учествуваат во тендерот. Исто така, постојат докази за примање и давање награда за противзаконито влијание – 111.600 денари.

Обвинителот ќе побара мерка притвор за четворицата осомничени, а за случајот ќе одлучува судија на претходна постапка во Основниот кривичен суд Скопје.

Истрагата е во почетна фаза, а се очекуваат дополнителни информации од Обвинителството и Финансиската полиција.

Најнови вести од: Македонија

„17“, македонскиот игран филм, апсолутен победник на Сараевскиот филмски фестивал

Долгометражниот игран филм „17“ во режија на Косара Митиќ на 32. издание на Интернационалниот Филмски фестивал во Сараево освои вкупно четири награди со што испиша историја за македонската кинематографија на овој еминентен европски фестивал

Ангелов: Постојат индиции дека пожарот на Китка го потпалуваат злобници од користољубие или од одмазда

„Им порачувам на потпалувачите дека сите државни служби работат на откривање на нивниот идентитет и порано или подоцна ќе бидат изнесени пред лицето на правдата“, изјави денеска директорот на Дирекцијата за заштита и спасување

Што ќе поскапи најмногу поради војната и климатските промени?!

Следниот инфлаторен удар можеби нема да дојде од бензинските пумпи, туку од полиците со леб, тестенини, масло и млечни производи. Војните, сушата и екстремните горештини создаваат комбинација што истовремено ја намалува понудата на земјоделски производи и ги зголемува трошоците за нивно производство. Токму затоа економистите сè погласно предупредуваат дека храната повторно може да стане еден многу скапа.

To top