Македонија

Се претставил како инспектор – на жена ѝ зел 2.000 евра и 1.000 долари

Ѝ соопштил дека нејзините внуци биле вмешани во сообраќајна несреќа во која загинало дете.

Полициската станица од општа надлежност Прилеп поднесе кривична пријава против М.А. (46) од Скопје поради основано сомнение дека сторил кривично дело „измама“, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Според информациите, на 4 ноември 2025 година, пријавениот измамил жена од Прилеп, одземајќи 2.000 евра и 1.000 американски долари. Тој лажно се претставил како инспектор во странство и ѝ соопштил дека нејзините внуци биле вмешани во сообраќајна несреќа во која загинало дете.

Со цел да ја доведе во заблуда, побарал пари за наводно да издејствува ослободување на нејзиниот внук од кривична одговорност и избегнување затворска казна. Жената, верувајќи во изнесеното, ги оставила парите на претходно договорена локација.

По преземени оперативни мерки од страна на полициски службеници од СВР Битола и Одделот за криминалистичка полиција, осомничениот е лишен од слобода, а од надлежен судија му е определена мерка притвор. објави Скопје1.мк

Најнови вести од: Македонија

Изборот на наследник на Бислимовски во собраниска процeдура

За местото претседател на РКЕ конкурираат двајца кандидати – Ацо Ристов, дипломиран електроинженер, кој во периодот од 2021 до 2025 година бил градоначалник на Радовиш и Шамил Реџепи, магистер по економски науки, вработен во Регулаторната комисија за енергетика

To top