Македонија

Снимени уште два балкански рисови на Шар Планина (ВИДЕО)

Балканскиот рис важи за еден од најзагрозените цицачи во регионот, а секоја нова регистрирана единка се смета за значаен чекор во напорите за негов опстанок

Две нови единки на редок балкански рис се забележани на територијата на Национален парк Шар Планина.

Од управата на паркот информираат дека рисовите биле регистрирани со помош на трап-камери за време на редовниот мониторинг на дивиот свет, на подрачје кое административно припаѓа на Врапчиште.

Според нив, новозабележаните единки се во добра здравствена состојба, што се смета за позитивен сигнал за постепено закрепнување на популацијата на овој редок вид на планината.

 

Балканскиот рис важи за еден од најзагрозените цицачи во регионот, а секоја нова регистрирана единка се смета за значаен чекор во напорите за негов опстанок.

 

Најнови вести од: Македонија

Соопштенијата на СДС им се пишувани со ChatGPT, користат ВИ, а се против дата-центри

Утрото пишуваат соопштенија со ChatGPT, во моменти кога на Заев му се полни телефонот на јахтата на Егејското Море, потоа СДС користи вештачка интелигенција, но затоа се против дата-центри, а се за садење марихуана, зашто бате Вице е во тој бизнис

To top