Македонија

Се запали автобус на ЈСП – Скопјани мака мачат со јавниот превоз

Се запали автобус на ЈСП, возачот итно пренесен на Токсикологија.

На температури кои се искачуваат над 45 степени, скопјани секојдневно влегуваат во автобуси – не само без клима, туку и со реална опасност да се запалат, како и што се случи, за жал.

Денеска, во 07.16 часот во СВР Скопје е пријавено дека на булеварот „Борис Трајковски“ во Скопје настанал пожар во автобус на ЈСП, управуван од С.Б., додека се движел по булеварот.

Огнот бил изгаснат од страна на С.Б., која што потоа со возило на Итна медицинска помош е пренесена во Клиниката за токсикологија при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, за укажување на лекарска помош.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

А, ЈСП сè уште молчи. Но, во меѓувреме, Скопје доби шест нови еколошки автобуси донација од Европската Унија, како мала светла точка во мрачната слика на јавниот превоз. Владата, пак, најавува промена на сликата, одобрени се сретсва за проекти поврзани со животната средина, меѓу кои и набавка на 120 електрични автобуси – но додека тие стигнат, граѓаните и понатаму се возат на ивица од ризик. Зашто друг избор – немаат.

Најнови вести од: Македонија

Пратениците на СДСМ си заминаа од работа, откако законот за минимална плата не беше ставен на дневен ред

Не помина предлогот на пратениците на СДСМ да се гласа за дополнување на дневниот ред со нивното законско решение со кое се прифаќаат барањата на ССМ, по што тие решија да ја напуштат работата на денешната 84. седница. До соопштување на ваквата одлука на опозициската партија претходеше дебата меѓу координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски, и претседателот на Собранието, Африм Гаши, а беше дадена и едночасовна пауза.

Владина делегација на средби во УНЕСКО – Ќе има ли договор за заштита на Охридскиот Регион?!

Во фокусот на разговорите беше состојбата на Охридскиот Регион како природно и културно светско наследство, при што беше нагласена важноста од континуирана и навремена имплементација на препораките за заштита, со цел зачувување на неговиот статус на Листата на светско наследство.

Ревизијата откри куп пропусти во ДСЗИ – Какви играчки и козметика се продаваат во продавниците?!

Дали и кој може да гарантира дека на рафтовите во продавниците има безбедна козметика и играчки за децата. Во Македонија има листа на забранети супстанци но таа е од 2010 и досега не е ревидирана. Тоа остава простор за соменвање дека штетни и опасни материи по здравјето можеби ги има во дел од овие производи, констатирал Државниот завод за ревизија кој и утврдил дека во државата нема ниту соодветна лабораторија за роверка на забранети супстанци.

To top