Македонија

Седницата на комисијата за контрола на АНБ се одложи на неодредено

Закажаната седница на собраниската Комисија за надзор на работата на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) и Агенцијата за разузнавање, предвидена за денес во 11 часот, е одложена без наведување на причините и без информации за нов термин.

Закажаната седница на собраниската Комисија за надзор на работата на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) и Агенцијата за разузнавање, предвидена за денес во 11 часот, е одложена без наведување на причините и без информации за нов термин.

Седницата требаше да ја предводи пратеничката од СДСМ, Славјанка Петровска, членка на Комисијата, бидејќи претседателот Скендер Реџепи нема безбедносен сертификат од АНБ, а продолжува да ја задржува позицијата. Според првичната најава, која сега е отстранета од веб-страницата на Собранието, единствена точка на дневен ред беше предлог-одлука за вршење надзор над АНБ, поради обвинувањата од директорот на Агенцијата, Бојан Христовски, и премиерот Христијан Мицкоски дека тој, како лидер на опозицијата, бил предмет на прислушување. Од друга страна, поранешниот директор на АНБ и тогаш владејачкиот СДСМ негираа дека Мицкоски бил цел на следење или прислушување.

Неофицијално, седницата на оваа клучна, но нефункционална комисија е повторно одложена поради „небезбедниот“ статус на Реџепи. Претседателот на Собранието, Африм Гаши, требало прво да ги достави материјалите за седницата до Реџепи и да му наложи да ја закаже. Доколку тој не го стори тоа, друг член на Комисијата може да ја закаже седницата. Според информациите, Реџепи бил заобиколен, а материјалите биле директно предадени на Петровска.

Ова требаше да биде само трета седница на Комисијата во новиот парламентарен состав, предводен од ВМРО-ДПМНЕ, која е единствената со мандат да врши одредена контрола врз прислушувањето. Заменик-претседателот Блерим Беџети од ДУИ, исто така, нема безбедносен сертификат и не е во можност да закажува седници.

Според договореното, местата за претседател и заменик-претседател на Комисијата ѝ припаднаа на опозицијата од албанскиот блок, односно на Европскиот фронт предводен од ДУИ. Овој политички блок одлучил да постави пратеници без безбедносен сертификат на чело на Комисијата, кои не можат да добијат таков сертификат и не се заменуваат со други пратеници, со што се овозможува АНБ да функционира без надзор од пратениците.

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

Владата ги испрати Кривичниот законик и законот за кривична постапка во Брисел на мислење

Министерството за правда на Владата на Република Македонија ги достави Нацрт-кривичниот законик и Нацрт-законот за кривичната постапка до Европската комисија за мислење, со што продолжува процесот на сеопфатна реформа на казненото законодавство и негово усогласување со европските стандарди.

Претседателот на Уставниот суд на РМ Костадиновски за политичките притисоци: Не смее да ја диктираат правдата

Наша должност е да им одолееме на политичките притисоци и да ја држиме политиката во рамките на правото – порача денеска во Охрид претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски. Тој оцени дека Уставниот суд е единствената институција што треба да обезбеди политиката и државните органи да ги почитуваат уставните и законските рамки.

To top