Македонија

Седум лица завршија со ампутирани прсти и тешки изгореници од петарди

Лекарите посочуваат дека за време на новогодишната ноќ кај седум лица (двајца возрасни и пет деца) било интервенирано заради посериозни повреди на врвовите на прстите, извршена била ампутација на дел од прсти, со рани и изгореници на дланките. Од нив, три деца биле примени во Ургентниот центар, двајца возрасни на Клиниката за пластична хирургија и две деца на Клиниката за детска хирургија. 

Министерството за здравство ја заокружи кампањата против пиротехниката со шокантни податоци за повредите за време на дочекот на Новата година. И покрај обемните едукации, дури седум лица, меѓу кои пет деца и двајца возрасни, се здобиле со траен инвалидитет поради невнимателно користење петарди. Лекарите од Универзитетската клиника за пластична хирургија и Ургентниот центар извршиле сложени интервенции, вклучувајќи и ампутации на делови од прсти.

  • „Овие седум интервенции се потсетник дека за секоја повреда следува долг процес на лекување и трајни последици. Фактот дека кај деца била потребна ампутација доволно зборува за тежината на последиците“, порачаа надлежните на прес-конференција.

Преку заеднички план на активности и усогласени едукативни пораки, во текот на декември, минатата година, беа одржани предавања во 137 основни и средни училишта во 27 градови низ државата, со кои беа опфатени 14 илјади ученици. И покрај вложените институционални напори и обемот на едукативните активности, пораката мора да се повторува, затоа што последиците од недозволената употреба на пиротехнички средства и понатаму се реални.

Лекарите посочуваат дека за време на новогодишната ноќ кај седум лица (двајца возрасни и пет деца) било интервенирано заради посериозни повреди на врвовите на прстите, извршена била ампутација на дел од прсти, со рани и изгореници на дланките. Од нив, три деца биле примени во Ургентниот центар, двајца возрасни на Клиниката за пластична хирургија и две деца на Клиниката за детска хирургија.

Најнови вести од: Македонија

Две убиства за 48 часа! Грк застрелал ловочувар кај Виница, мајка убиена од син во Росоман

Во Виница, 80-годишен грчки државјанин го застрелал 56-годишен ловочувар Д.А. од с. Липец за време на лов. Полицијата покренала кривична пријава против осомничениот по член 123 од Кривичниот законик, а четири лица се лишени од слобода. При претреси во апартманите и возилата на осомничените биле пронајдени четири ловни пушки, околу 800 парчиња муниција и друг доказен материјал од интерес за истрагата.

Советот на јавни обвинители ја прекина дисциплинската постапка против Хајрулахи и го враќа на работа Цветановски

Советот на јавни обвинители едногласно ја укина суспензијата на обвинителот Јован Цветановски и одлучи предметот да го врати на повторно разгледување.

To top