Македонија

Две убиства за 48 часа! Грк застрелал ловочувар кај Виница, мајка убиена од син во Росоман

Во Виница, 80-годишен грчки државјанин го застрелал 56-годишен ловочувар Д.А. од с. Липец за време на лов. Полицијата покренала кривична пријава против осомничениот по член 123 од Кривичниот законик, а четири лица се лишени од слобода. При претреси во апартманите и возилата на осомничените биле пронајдени четири ловни пушки, околу 800 парчиња муниција и друг доказен материјал од интерес за истрагата.



Денес во утринските часови, во Росоман 27-годишен маж со остар предмет ја убил својата 54-годишна мајка во семејниот дом околу 07:30 часот наутро. И.Р. сам се пријавил во полицијата, а на местото на настанот увид извршиле јавен обвинител и екипа од ОВР Кавадарци. Жртвата починала од здобиените убоди, а осомничениот е лишен од слобода и против него ќе биде поднесена кривична пријава.







Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

Мицкоски: Усниот дел од правосудниот испит треба да се полага единствено на македонски јазик

Писмениот дел од правосудниот испит да се полага на јазикот на кој е завршено високото образование, а усниот на македонски јазик. Ова е ставот на македонската Влада, кој денеска го соопшти премиерот Христијан Мицкоски, по вчерашното одбивање на ваквиот предлог од студентите Албанци, на средбата со министерот за правда, Јетон Шасивари.

Клековски: Со бугарската министерка се согласивме дека случајот со Ива е правно, а не здравствено прашање

Македонскиот министер за здравство Сашо Клековски изјави дека за време на средбата со бугарската министерка за здравство во Софија била постигната премолчена согласност дека случајот со Ива Михаилова не е прашање од областа на здравството, туку од надлежност на правосудните институции.

Се разгледуваат две локации за новиот Клинички центар во Скопје – вложувања во здравствени објекти во Штип, Тетово и Кичево

Две локации во близина на болницата „8 Септември“ се разгледуваат за изградба на новиот клинички центар во Скопје, а преговорите за изборот на парцелата треба да завршат до крајот на годинава, најави премиерот Христијан Мицкоски. Истовремено, Владата подготвува инвестиции во три здравствени објекти во Штип, Тетово и Кичево, при што реализацијата на првиот проект би можела да започне во летото 2027 година.

To top