Македонија

Секое осмо македонско дете на 13 годишна возраст е пушач

Шокантни бројки на СЗО: Се повеќе млади во Македонија стануваат зависни од тутун и е-цигари, властите најавуваат ригорозни мерки за заштита

13,6% од децата на 13 годишна возраст во Македонија пушат цигари, вејпови и електронски цигари – ова е најголемиот процент на млади пушачи евидентиран до сега според истражувањата на СЗО.

Дури 45% проценти од македонското население се активни корисници на тутунски производи, а годишно приближно околу 12 илјади умираат од болести каде пушењето може да биде причина.

Од Институтот за Јавно здравје велат дека уште позагрижувачки е фактот дека само 17% од нив се против никотинот, што укажува дека цигарите во Македонија се општествено прифатена појава.

„Според резултатите на Институтот за јавно здравје од истражувањето во 2023 година во соработка со СЗО, ИЈЗ, Министерството за здравство, дури 45,4 проценти, од возрасната популација се изјасниле како активни пушачи. Исто така истражувањето коешто го правевме во сите училишта на деца на возраст до 16 години покажува висок процент. Процентот е значително над европскиот, над регионот на СЗО која изнесува 25 проценти. Дополнително загрижува и фактот што пушењето кај нас во голема мера се смета за општествено прифатлива појава, а само 17 проценти од граѓаните во Македонија изразуваат одобрување кон пушењето“- вели Марија Андоновска, директорката на ИЈЗ.

„Предизвикот овде е што овие производи се особено привлечни за младите. Зад светлите бои, елегантното пакување и слатките вкусови лежи јасна намера да се нормализира употребата на никотин и да се создаде доживотна зависност кај младите. Ова не е прифатливо. Забранувањето на вкусовите спасува животи, бидејќи младите луѓе се намерно таргетирани. Важно е активностите за јавно здравје за намалување на зависноста од никотин да развиваат вкусови како што се нане, боровинка, лубеница, не се безопасни. Тие се специјално дизајнирани да ја маскираат суровоста на никотинот и да ги олеснат производите за употреба, особено за младите.“– вели Аким Али од СЗО.

Владата најавува законски измени, но и за прв пат и достапност на лекови кои ќе им помогнат на пушачите полесно да се откажат. Новиот закон за заштита против пушењето веќе е во својата финална фаза, а од следната недела се очекува да биде во Собрание.

„Да се информираат и да се поддржат граѓаните за откажување, трансдермални фластери ќе бидат дел од инфраструктура, но исто така и да се зголемат акцизите за да може тие граѓани да се размислат дали ќе трошат пари за нешто што им го штети здравјето или за позитивни цели, Досега со законот не се дефинирани алтернативните никотински производи, факт е дека се продаваат но немавме како да ги регулираме, младите прво што прават почнуваат како прв пристап им се тие алтернативни производи, со новиот закон ќе бидат строго дефинирани и како и каде ќе се продаваат, идејата не е само да креираме рамка туку и инфраструктура, центри кои ги имаме и кои ќе бидат отворени ќе направиме напори да бидат оспособени инфраструктурно.“– вели министерот за здравство Азир Алиу.

По повод Светскиот ден без тутун, од СЗО препорачуваат да се работи и на зголемувањето на свеста кај граѓаните, да се едуцираат децата уште од најмала возраст и да се инвестира во поддршка на пушачите кои сакаат да се откажат.

Најнови вести од: Македонија

Убава вест: Крај за договорите на дело во државните институции – работниците ќе добијат вработување на неопределено време

Лицата ангажирани со договор на дело и други видови договори во дел од јавниот сектор ќе добијат можност за вработување на неопределено време, со законско решение што предвидува фазна трансформација на нивните ангажмани.

„Н.М.“: За Македонија отворањето на Уставот не смее да биде приоритет! – Во овој опасен геополитички момент по диктат на Бугарија тоа е самоубиствено!

„Сега во овој опасен геополитички момент отворање прашања по диктат на Бугарија е опасно и самоубиствено. Приоритет треба да се внатрешните реформи, зајакнување на демократските капацитети на државата и создавање широк консензус за стратегиските прашања, за националниот интерес.“ – се нагласува во анализата со наслов „Проширувањето може да предизвика геополитички расцеп во Европа – каде тогаш ќе се (с)најде Македонија“, која е објавена во весникот „Нова Македонија“.

(Фото): Општина Карпош и Град Скопје во заедничка инспекциска акција

Во текот на акцијата се вршеа целосни и детални контроли во рамки на надлежностите на инспекциските служби. Во одредени случаи, беше побарана и теренска придружба од униформирани полициски службеници од ПС Карпош.

Мицкоски: Целта е Македонија да биде земја, во која трудот се почитува, а работата обезбедува достоинствен живот

„Денеска се одржа церемонија за потпишување на Националната програма за достоинствена работа 2026–2030 година, со која се потврдува заедничката заложба за унапредување на работничките права, подобрување на работните услови и создавање повеќе можности за економски напредок.“ – објави на својот фејсбук-профил претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски.

Книжевна вечер во чест на Ѓорче Петров во Софија, за да биде зачуван во колективното помнење на македонските поколенија

Во Македонскиот културно-информативен центар во Софија се одржа книжевната вечер „Црнилата на себеубивањето“, посветена на ликот, делото и историското наследство на Ѓорче Петров, еден од истакнатите дејци на македонското револуционерно движење. Настанот претставуваше можност преку книжевноста да му се оддаде почит на Ѓорче Петров и да се потврди значењето на културното паметење, како и улогата на македонската литература во зачувувањето и пренесувањето на историското наследство на идните генерации. Ѓорче Петров е еден од идеолозите на македонската револуционерна борба за слобода на македонскиот народ и за создавање самостојна македонска држава. Како жесток борец против великобугарскиот врховизам и поради своите чисто македонски позиции, Ѓорче Петров станал најнапаѓаниот член на ВМРО од страна на великобугарските врховисти.

To top