Македонија

Села сака во влада, но уценува

Тој има три услови за влез на неговата партија во Владата: Уставни измени со внесување на бугарската заедница и другите што посакуваат (како што порачуваат од ЕУ), промена на „20%“ со тоа што ќе стои албански јазик во Уставот и за примена на бадентеровиот принцип во Уставниот суд

Лидерот на едното од „крила“ на Алијанса за Албанците, Зијадин Села смета дека Македонија треба да стане бинационална држава. Според него, демографската реалност на државата е бинационална и вели дека треба да се почитуваат малцинските права. Притоа, Села бара ново уставно уредување.

-Дали имам право јас на визија? Вие немате право да ме спречите за да размислувам, кажа претседателот на АА во емисијата „24 анализа“.

На прашањето дали тоа е понуда за која Села како дел од коалицијата Европски фронт го доби манадатот за да биде пратеник, Села вели дека „Фронтот“ имал платформа и програма и понуда.
Тој има три услови за влез на неговата партија во Владата: Уставни измени со внесување на бугарската заедница и другите што посакуваат (како што порачуваат од ЕУ), промена на „20%“ со тоа што ќе стои албански јазик во Уставот и за примена на бадентеровиот принцип во Уставниот суд.

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top