Македонија

Семејна „династија“ на бизнисмени: таткото Венко „брка“ „политички бизниси“ со Македонија, а синот Иво Филипче уште на 18 години трговски бизнис со конфекција

Дали Иво Филипче ќе го достигне „почетниот успех во светот на бизнисот“ на Душко Заев, синот на претходниот претседател на СДСМ, Зоран Заев, кој веќе си има фирма „Тотал енерџи“ за производство на електрична енергија?

Синот на лидерот на СДСМ Венко Филипче ќе се испрoба во трговијата со конфекција, според јавно достапните информации, кои покажуваат дека тинејџерот од пред точно еден месец е основач на „Демигод“, друштво за продажба на облека на мало, јави „Фактор“. Продавницата на 18-годишниот Иво Филипче, според адресата, треба да се наоѓа на улица Њуделхиска во скопската населба „Млечен ресторан“.

Синот на претседателот на опозициската партија, пратеник и поранешен министер за здравств,о минатата година стана полнолетен, а во јуни прослави матурираше.

Останува да се види дали Иво Филипче ќе го достигне почетниот успех во светот на бизнисот на синот на претходниот претседател на СДСМ, Зоран Заев.

Фирмата „Тотал енерџи“ за производство на електрична енергија на Душко Заев лани имала добивка од 58 милиони денари, или околу 954 илјади евра, потсетува „Фактор“.

Младиот Заев фирмата ја отвори во 2022 година како 18-годишник. Во 2023 година, тој имал добивка од 39 милиони денари, односно 636 илјади евра. Дваесет и едногодишникот стана првиот од семејството Заеви кој почна бизнис со производство на електрична енергија, а по него тоа го сторија неговиот чичко, Вице и неговиот дедо, Панче Заев.

 

 

Најнови вести од: Македонија

Ратко Младиќ, пресуда за ОВК, Децата на Козара, Цар Самоил – како Балканците пак се насамарени

Балканците по којзнае кој пат паѓаат на истиот испит. Гордо ја лапнуваат јадицата фрлена од некој таму горе, се закрвуваат меѓусебно, ги учат и новите генрации да ги хејтаат најбликсите, несвесни дека се злоупотребени, залудени и верувајте повторно претставени како непоправливи глупчовци

Мицкоски: Ќе дојде ден кога незрелите лидери од опозицијата ќе се срамат, поради тоа им го прават на Македонија и граѓаните

Ќе дојде денот кога ќе се срамат за она што им го прават денеска и на граѓаните и на Македонија – рече кусо македонскиот премиер Христијан Мицкоски како одговор на постојаните напади од опозицијата дека власта го кочи евроинтегративниот процес на Македонија.

Бугарите „јуришаат“ на „Самуил, владетелот на бугарската држава“, но за врвни светски научници тој е „македонски цар“ на „македонска држава“! (3)

Продолжуваат и денес, на 7 октомври 2026 посети и поклонувања на Бугари пред саркофагот со „посмртните останки на нивниот највелики бугарски владетел Самуил “ во Софија. Продолжува со тоа и и градењето на националниот идентитет, средновековната бугарска државност и на историјата на Бугарите на сметка на македонскиот идентитет и историја, на македонската државност, чиј еден од темелните столбови е и Самуил. Тој е споменат нималку случајно и во државотворниот „Манифест од Првото заседание на АСНОМ до македонскиот народ“ од 2 август 1944 година.

На инспектори им исекле гуми на возило за да не се дознае кој нелегално користи социјални пензии

Премиерот Христијан Мицкоски рече дека се откриени повеќе од 4.500 корисници на гарантирана минимална помош и социјална сигурност кои ги земале парите без да ги исполнуваат условите, а меѓу нив имало починати лица, иселени граѓани и фиктивни корисници.

Најнови вести

To top