Македонија

Семејството на Ристова Астеруд го ,,светна” македонското знаме за мечот со Велс

Македонските национални симболи мора да бидат тип – топ за клучниот меч

Синот на професорката Каролина Ристова Астеруд ќе патува со воз околу 12 часа од едниот до другиот крај на Велика Британија за да го следи мечот меѓу Велс и Македонија во квалификациите за Светското првенство во фудбал во САД, Канада и Мексико идната година.

Ристова открива дека македонското национално знаме пред да биде истакнато од нејзиниот син на стадионот во Кардиф  мора да биде испрано и испеглано.

,,Подготовки на Мартин за чу-чу патување, ееее, зајдување од Абердин до Кардиф, за утревечер да го храбри МК-тимот на квалификационата фудбалска утакмица против Велс.

🏴󠁧󠁢󠁷󠁬󠁳󠁿 v. 🇲🇰

Прва работа, знамето мора да биде чисто и испеглано”, објави Ристова Астеруд.

Патот од Абердин до Кардиф е долг речиси 900 километри а се патува најмалку половина деноноќие.

 

Утре на стадионот се очекуваат пколу 1000 македонски фанови да ги бодрат Елмас и другарите.

Македонија утре во Кардиф има шанси со нерешен резултат да биде втора во својата група во квалификациите со што значително и се олеснуваат противниците во бараж мечевите и се зголемуваат шансите за пласман на Светското првенство идната година.

Најнови вести од: Македонија

Гаши: Само обединети и со почитување на разликите можеме да изградиме држава во која секој граѓанин се чувствува еднаков и безбеден

Овој значаен датум нè потсетува на издржливоста, храброста и напорите на генерациите пред нас во нивната потрага по слобода, достоинство и независна државност

Ѓорѓе Иванов: Како следбеници на нашите предци, треба да создадеме иднина за нашите потомци

Македонска револуционерна борба донесе многу жртви, непоколебливост и хероизам кој, ни е оставен во завет, нам, на сегашните македонски граѓани, како и на идните генерации

To top