Пишува Рефет АБАЗИ
(доживување на филмот „Срам и пари“)
Треба само еднаш да го видите филмот „Срам и пари“, бидејќи од тогаш тој ве прогонува бескрајно, соочувајќи ве со огледалото на срамот и принудувајќи ве да го преиграте вашиот живот во главата за да ги видите сцените и моментите кога требало да се срамите, а не сте се срамиле! Такво прогонство ми се случи и мене, сè додека не ме натера да се соочам со него.
Филмот „Срам и пари“ е како огледалото на Тил Иленшпигел, кое во свое време им го нудел на луѓето, надевајќи се дека ќе имаат храброст да го видат одразот на своите животи во него. Но, кога ситуацијата станала неподнослива и она што се обидел да го направи станало опасно за неговиот живот, тој не ги обвинил луѓето за нивното лицемерие, туку рекол она што останало во историјата: „Огледалото е скршено!“ Секако, тој го кажа ова затоа што не сакаше да биде оцрнет кажувајќи што видел, а она што го видел требало да биде изразено во реченицата: Светот е толку расипан што огледалото не е во можност да го одрази!
И филмот на Висар Морина, напишан од него и Дорунтина Баша, иако го го прочитал сценариото (бидејќи се појавувам во филмот), го доживеав како огледало на Иленшпигел. Но, како? се прашав штом започна сцената кога Шабан (Астрит Кабаши) и Хатиџе (Флоња Кодели) со своето семејство тргнаа кон Приштина. Во филмовите, обично гледаме актери како ги живеат животите на своите ликови, а кога тоа ќе се постигне, обично велиме дека актерите добро ја завршиле работата. Но, во овој случај, Астрит и Флоња беа многу повеќе од нивните ликови. Тие беа токму огледалото кое го апсорбирало целиот срам од настаните во селото што му се случија на нивното семејство, и бидејќи никој од семејството не го видел одразот на нивниот срам во тоа огледало, решиле да се преселат во градот. Сè се случи кога помладиот брат, Лиридон (Тристан Халилај), реши да замине за Германија, но за неговото заминување му е потребна сума пари што е целата заштеда на семејството. Тристан во улогата се појавува жилав, со цврсти одлуки, бидејќи се вика Лиридон – односно „тој ја сака слободата“ – и мисли дека ја заслужува таа слобода што се наоѓа во друга земја. Тој ја разбира слободата, не како одговорност, туку како анархија. Затоа се однесува како дадаистите, кои рекоа да се уништи сè, дури и урнатините! Неговата постапка, водена само од личен интерес, е деструктивна за семејството. Ова уништување го принудува семејството на Шабан да го напушти селото.
И гледаме дека за она што им се случи, предводени од НАНА (МАЈКА) (Кумрије Хоџа), тие не протестираа, не бараа одговорност за неправдите што им се случија, ниту одговорност, тие едноставно тивко си заминаа! Тие не заминаа водени од принципот „направете пат за будалите“, туку заминаа затоа што нивното огледало во таа средина веќе беше „скршено“!
Но, како Астрит и Флоња ја постигнале таа состојба на смиреност? Се прашав себеси кога ги погледнав нивните лица во сцената на напуштање на селото, и додадов уште едно прашање: Низ какви лавиринти ги одвел Висар, копајќи во своите души? Затоа што тие изгледаат како луѓе од друг свет, како да поминале низ пештерите на Марабар и да го достигнале највисокото ниво на мудрост. Се чини како да се одвоиле од стиховите на Витман и се таму за да го пеат другиот, а не себеси. Како „секој атом што му припаѓа на Шабан, подеднакво ѝ припаѓа и на Хатиџе“, и обратно! Пеењето на другиот подразбира несебичност, а Шабан и Хатиџе имаат несебичност до крајност, до точка на целосно отсуство на себеси! Тие се отсутни од животот што се развива надвор од нивниот круг; кога се сами пред тој дел од светот, тие се луѓе со отрнати сетила. Додека, кога се во својот свет, кој ги вклучува Нана и нивните ќерки, тие се комплетни.
Кумрије Хоџа, во улогата на МАЈКА, не е само мајка, таа е кралица на последното кралство каде што постои кодексот на срамот, каде што честа и човечкото достоинство се избалансирани. Таа ми личеше на последната кралица на древното племе Сабијанци (оние кои имаа способност и дарба да ги читаат ѕвездите). Кумрије Хоџа е исто како „Госпоѓа правда“, но не со затворени очи, бидејќи во нејзиното кралство очите се прозорци на душата. Во нејзиното кралство очите расејуваат ѕвездена светлина. И таа способност да ја чита светлината на ѕвездите, таа се обидува да им ја пренесе на своите внуки, иако знае дека на местото каде што живеат, таков дар се чита и како проклетство!
Во градот, Шабан и Хатиџе го продолжуваат своето одење низ Голгота со тежината на огледалото што го носат врз себе. Во градот тие се соочуваат со уште посериозни тешкотии, бидејќи се соочуваат со луѓе кои згазнале врз кодексот на срамот со двете нозе. Шабан станува огледало на Албан (Албан Укај), додека Хатиџње е огледало на нејзината сестра, Аделина (Фиона Главица). Албан и Аделина, како тазе обогатени луѓе, се општествената класа која мисли дека животот во луксузна вила е подобар отколку во „колибата“ каде што се наоѓа кралството на Нана! Но, за Албан и Аделина, сето ова се распаѓа штом ќе се соочат со огледалата пред нив од Шабан и Хатиџе!
Албан Укај, како вистински мајстор на глумата, со совршено чувство за мерка, си игра со чувствителност во втор план. Албан не го наметнува своето присуство, туку очекува да биде забележан и оценет за она што го постигнал во животот, откако ќе акумулира капитал (пари). Тој дискретно очекува Шабан да се восхитува за она што тој го постигнал, очекува Шабан да му поставува прашања за тоа како го постигнал целото тоа богатство! Ваквите прашања би му овозможиле да стане раскажувч на успехот, би се чувствувал како модел на остварени соништа. Да се однесуваше Шабан така и да поставуваше такви прашања, Албан би се однесувал кон него поинаку, бидејќи на таквите луѓе им се потребни покорни и потчинети луѓе, што ги тера да се чувствуваат како да се тотеми на успехот. Но, такво нешто не се случува! Бидејќи Шабан е направен од друг материјал!
Недостатокот на восхит го тера Албан малку да излезе од својата зона на удобност, бидејќи Шабан не само што не се восхитува, туку во многу сцени дури и му е жал за него. Ова го тера Албан и да излезе од својата кожа и да се обиде да го убеди Шабан дека неговите постапки во барањето работа се срамни. Срамно не за Шабан, туку за него, бидејќи се смета себеси за успешен. Но, во лицето на Шабан тој го гледа огледалото каде што се одразува себеси, а она што го гледа не му се допаѓа. Таму ја гледа анатомијата на својот пад. Тој гледа дека илузијата за луксуз што ја создал не е ништо повеќе од меур од сапуница! Таа илузија ја ценат само површните луѓе. А Шабани, иако сиромашен и необразован, не е таков!
Аделина, пред огледалото што ѝ го нуди Хатиџе, гледа појасно, но не затоа што има повеќе храброст од Албан, туку затоа што има повеќе очај. Гледајќи ја сестра си колку е исполнета (реализиран) во своето семејство, таа ја разбира празнината што ја има живеејќи во луксузната вила, каде што нејзиниот живот не е ништо повеќе од преправање (шмира)!
Преправањето на Албан и Аделина е јасно видливо во филмот, бидејќи Висар прави оштар контраст на тоа преправање. По сцената во луксузната вила, ги гледаме Шабан и Хатиџа во „шупата“ до вилата, но како се гледаат во очи. Гледаме дека нивната комуникација е надвор од она што го нарекуваме љубов; тие се задоволуваат само со гледање во очи. Нежен допир на образот е многу поцелосен и позначаен од тоа преправање во луксузната вила. За Шабан, Хатиџа, децата и Нана се целиот свет, а тој не сака ништо повеќе од тоа да, неговиот свет да биде среќен.
Гледајќи како Шабани и Хатиџа комуницираат на импровизираниот кревет во „шупата“ до вилата, одеднаш ми се појави прашање во главата: Како овие ги направиле децата? Како ги направија децата кога сè што им треба е еден нежен допир, проследен со поглед во очите на другиот? И токму тогаш, во главата, го слушнав гласот на писателот Агрон Туфа кој ми одговори: „Рефет, сигурно децата ги направиле со „Безгрешното зачнување““. Да, се согласив со Агрон, се согласив со писателот кој напишал ремек-дело за такво „зачнување“. Мора да еншто, како што се вели „отаде“ нешто од друг свет, бидејќи и нивните деца се деца зачнати од светлината на ѕвездите. Од светлината на ѕвездите што Шабан ја впива од очите на Хатиџе, исто како што Хатиџе прави со светлината од очите на Шабан.
Огледалото на Шабан се протега низ речиси целиот град, а ние го гледаме одразот на ноќните клубови што Шабан и Хатиџа ги чистат преку ден. За време на чистењето, низ огледалото на Хатиџа гледаме девојка дехуманизирана од луксуз и употреба на супстанции што нудат бегство од реалноста; ја гледаме улицата (пазарот) на работа каде што луѓето се нудат како физички работници; ручекот што го јадат оние работници што остануваат таму на улица, бидејќи не се избрани од оние на кои им се потребни физички работници.
Додека го гледаме патувањето на Шабан и Хатиџе, нашата крв (барем мене) како гледачи почнува да ни врие и чекаме Шабан да експлодира од сите работи што се наслагуваат врз него. Тогаш од портретот на Шабан прочитав нешто, за што Теки Дервиши велеше: „Човечката душа е направена од гума, таа не пука од страдање и болка, туку се шири. Кога мислиш дека повеќе не може да прифати страдање и болка и дека ќе пунке, малку се шири уште малку, колку да направи место за следното страдање и болка.“
Во еден момент, портретот на Шабан и Хатиџа ми ја кажа и таа позната фраза од Чехов: „Кај тебе врие тоа што кај мене е одамна превирено!“
Дорунтина и Висар, како вистински мајстори, знаејќи дека гледачите ќе почувствуваат нешто слично, па дури и ќе чекаат да се случи експлозијата на Шабан, тие вешто ни нудат не експлозија, туку имплозија. Да, Шабан ја достигнува критичната точка на сè што е насобрано во неговата душа, но тој не експлодира одвнатре кон надвор, туку во себе. Во критичниот момент, тој успева малку да ја прошири својата душа, само колку да ја надмине точката на вриење. Ова ме натера да почувствувам потреба да врескам најгласно што можам, и го направив тоа, но без звук – врескав како Шабан, во себе.
На крајот, Шабан успева да најде подостоинствена работа. Неговиот опис на работното место е повеќе од апсурден: „Да заштити една луксузна населба опкружена со ѕидини. И да не дозволи да влезат сиромашни луѓе како неговото семејство!“ Во последната сцена, го гледаме Шабан како шета низ уличките на луксузната населба. Тој ги гледа куќите, големите врати. А за мене, можеби поради униформата што ја носи, Шабан се претвори во Кербер, кој ги чува двата света одвоени еден од друг. И Шабан е таму, на средина од тие два света.
Шабан личеше на таа црна точка во средината што ја има Цветот на срамот. Како што ми кажа еднаш татко ми кога бев дете, кога ми ја раскажа легендата за Цветот на срамот: „Ја гледаш ли оваа црна точка во средината? Е волку срам имаат денска Луѓето, колку оваа мала точка!“
Јас, можеби поткнат од драмата што ја напишав околу четири години претходно, насловена како „Цветот на срамот“, го развив филмот понатаму во мојата глава. Ја развив последната сцена.
Замислував како Шабан плука пред вратата на секоја куќа во таа населба, но неговата плунка не е обична плунка, туку како змејски заби што во античко време биле фрлани во земја и од кои никнуваат совршени војници. Но, во случајот на мојата имагинација, Цвет на срамот никнува од плунката на Шабан пред секоја врата, бидејќи парите се внатре во тие куќи. И во главата се сетив на сцената со дехуманизираната девојка во ноќниот клуб, која Хатиџе и Шабан ја носат во раце и ја ставаат во такси што го повикале за неа. И кога таксистот прашува за адресата, девојката лежејќи одговара: „Во населбата на Цветовите на срамот!“.
Како и да е, се извинувам за она што го напишав, особено на колегите што не ги споменав во ово мое доживување. Но, навистина, така ги доживеав приказните на филмот „Срам и пари“. И ме направи горд што се појавувам во една сцена од овој филм.
Цветот на срамот ( Daucus Carota)