Македонија

Минчев од Охрид: Граѓаните не смеат да бидат заложници на неефикасни институции, градиме администрација, што решава проблеми, а не создава нови!

Граѓаните не смеат да губат време по институциите поради неефикасноста на администрацијата, порача министерот за јавна администрација Горан Минчев, кој најави дека реформите треба да донесат поквалитетни услуги, поголема професионалност и одговорност од административните службеници.

„Професионалноста не е она што го пишува во нашето работно решение. Професионалноста е она што граѓанинот го добива кога ќе влезе во институцијата“, истакна Минчев на обуки за административни службеници во Охрид.

Тој посочи дека реформата на јавната администрација не треба да остане само на законски измени, туку мора да се почувствува во секојдневното функционирање на институциите и во односот кон граѓаните.

Обуките се насочени кон развој на менторските и комуникациските вештини, како и кон еднаквоста и недискриминацијата. Министерството работи и на воспоставување Академија за стручно усовршување и обука на административните службеници, која треба да започне со работа на почетокот на 2027 година.

Минчев најави и пошироки системски промени, меѓу кои новата законска рамка за административните службеници и Законот за високите раководители, со кои треба да се уредуваат критериумите за избор, оценување, професионалност и одговорност на раководните кадри.

„Државата не е силна кога има голем број на институции, туку кога институциите имаат капацитет да им служат на граѓаните“, порача министерот.

Најнови вести од: Македонија

Лекари бараат заштита од насилни пециентии нивни „роднини“

Потребни се конкретни законски механизми за заштита на здравствените работници, јасно дефинирани обврски за здравствените установи и соодветни услови за безбедно извршување на здравствената дејност

Грција протеруваше Македонци за да се населат грчки бегалци од Мала Азија

Во репортажата со наслов „Протерани од Македонија“ од 1925-та се опишуваат методите со кои, според сведочењето на американскиот новинар, македонски семејства од селата во Грција биле принудувани да ги напуштат своите домови за на нивно место да бидат сместени грчки бегалци од Мала Азија

Од канцелариите во природа: ИСОС ја обедини сметководствената заедница во акција за пошумување

Голем број волонтери – членови на Институтот на сметководители и овластени сметководители (ИСОС) спроведоа акција за пошумување во близина на акумулацијата „Мавровица“

To top