Македонија

Шаховски фестивал „50 години ШК Алкалоид“

Организаторите од ШК Алкалоид навестуваат дека турнирот ќе биде отворен и за публиката, со цел одбележувањето на полувековниот јубилеј да биде во што е можно подобра атмосфера.

Сведоштвата за големата почит спрема шаховската игра во Македонија отсекогаш биле добро фундирани со аргументи, меѓу кои се организацијата на Шаховската олимпијада во 1972 година, а потоа и формирањето на ШК Алкалоид во 1976 година.

Клубот, кој на почетокот беше скромно ориентиран кон поттикнување и развивање на древната игра меѓу вработените кои учествуваа на натпреварувања против други компании, со текот на времето прерасна во најуспешен шаховски колектив во Македонија, кој на републичките првенства ја презеде доминацијата и во независна Македонија дури 27 пати ја освои екипната титула во 33 настапи. Дополнително, ШК Алкалоид во 2016 година ја понесе титулата европски клупски шампион, а во три наврати (2017, 2024 и 2025 година) беше европски клупски вицешампион! По повод петдеценискиот јубилеј, годинава се предвидени повеќе активности, кои започнуваат со првиот настан на почетокот на април на Шаховскиот фестивал!

На 4 и 5 април во хотелот „Континентал“ ќе бидат организирани два турнира: еден во брзопотезен шах (блиц) – 13 рунди со темпо на игра од три минути од играч и две секунди за потег, а вториот во забрзан шах (рапид), при што играчите ќе играат 11 рунди со темпо од 10 минути од учесник плус пет секунди за потег. Предвиден е награден фонд од 130.000 денари за првиот турнир и уште 230.000 денари за вториот турнир. Во двата случаи ќе им бидат доделени награди на десетте најдобропласирани играчи, како и специјални награди на шахистките, ветераните и на јуниорите.

Традиционално, интересот за турнирите на ШК Алкалоид е голем, а поради ограниченоста на просторот за игра чинот на пријавување завршува рано. Имајќи го предвид намаленот број на турнири кои се организираат во Македонија, со сигурност овие два турнира ќе донесат задоволство меѓу оние кои го почитуваат шахот, а упатените ќе знаат да ги препознаат и организациските напори на спортските работници меѓу фармацевтите, кои ќе дадат сѐ од себе за да направат уште едно силно издание на овој турнир, кој ужива висок углед во регионот.

Организаторите од ШК Алкалоид навестуваат дека турнирот ќе биде отворен и за публиката, со цел одбележувањето на полувековниот јубилеј да биде во што е можно подобра атмосфера.

Најнови вести од: Македонија

Почина Волф Ошлис, амбасадорот на македонската кауза: Ако Европа ја изгуби Македонија, ќе се изгуби и себеси!

На 30 август 2026 година германските научни платформи објавија потврдена вест, која е повеќе од тажна за македонскиот народ и Република Македонија: уште на 18 август 2026 година почина професор доктор Волф Ошлис, германскиот и европски македонист со непроценливо значење на неговиот политичко-јазичен македонистички ангажман за македонскиот народ и јазик, за одбраната на националната, идентитетска, јазична, културна и историска засебност и самобитност на Македонците наспроти сите нивни негирања како народ. Неговата реченица: „Нема ништо полесно отколку да бидеш пријател на Македонија. Јас сум тоа од 1975 година…“ ја одразува неговата длабока професионална, но и лична, чувствена врска со македонската кауза, со Македонците и Македонија

Легендарниот македонски војвода Александар Турунџе пред да си стави јамка на вратот на 30.8.1905: Македонија ќе биде слободна!

„Личната трагедија на македонскиот револуционер, ајдутин, четник и војвода Александар Турунџев, кој е предаден на турските власти за 150 златници од свој сонародник, по што бил обесен на Ат-Пазар во Битола на 30 август 1905 година, освен што е симбол на она што многу често провејува низ македонската историја – предавството, многу повеќе е национален херој и симбол на борбата за слобода на македонскиот народ.Погубувањето на Турунџев се одвивало пред бројни сведоци, меѓу кои и неговата сопруга и нивните две малолетни деца, ќерка и син, кои биле принудени немо да го гледаат испуштањето на последниот здив на својот татко.“ – објави Македонската информативна агенција – МИА.

Штип е без вода: Филтер станицата исклучена, поради крајно големата заматеност од синоќешното невреме

Градот Штип од 14 часот е без вода за пиење. Филтер станицата се исклучи од цевководот на хидросистемот „Злетовица“ поради големата заматеност на водата која пристигнува од браната Кнежево, информираше на вонредната прес-конференција директорот на ЈП Исар Штип Александар Арсовски.

ЗНАМ го осудува глорифицирањето на воените злосторства

Движењето ЗНАМ најостро ги осудува воените злосторства случени на поранешните југословенски простори, вклучувајќи ги и хашките случаи во Македонија од 2001г., и секој обид за нивна глорификација, релативизација или оправдување

To top